12.4 C
Shtip
spot_img

ТРАМП НАРЕДИ ПОВТОРНО ДА СЕ ОТВОРИ ЗАТВОРОТ АЛКАТРАЗ, КОЈ НЕ РАБОТИ ОД 1963

Доналд Трамп изјави дека ѝ наредил на владата повторно да го отвори и прошири некогашниот затвор Алкатраз, сместен на остров близу мостот Голден гејт во Сан Франциско. Тој кажа дека Америка премногу долго е преплавена со „злобни и насилни престапници кои ги повторуваат своите дела“.

„Повторното отворање на Алкатраз ќе служи како симбол на закон, ред и правда“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

Водечките демократи кажаа дека предлогот на Трамп не е сериозен. Затворот со максимално обезбедување познат како Карпа беше затворен во 1963 и оттогаш е туристичка атракција.

„Денеска му наредив на Бирото за затвори, заедно со министерството за правда и ФБИ, повторно да го отвори Алкатраз, да го обнови и прошири. Затворот ќе стане дом на најбезмилосните и најнасилни американски престапници“, кажа Трамп.

Алкатраз првично бил поморска утврда, а во почетокот на 20. век бил претворен во воен затвор. Министерството за правда го презел во 1930-тите, по што бил вклучен во федералниот затворски систем и тука лежеле некои од најозлогласените американски гангстери, како Ал Капоне. Алкатраз бил затворен зашто натамошното работење било прескапо и експертите велат дека повторното отворање ќе чини многу пари.

„Во постојните федерални затвори има многу слободни места, па нема потреба од нов затвор. Алкатраз имал репутација на строг затвор и Трамп сака да испрати порака дека неговата влада ќе биде цврста со криминалот“, изјави Габриел Џек Џин, професор по право на Универзитетот Калифорнија.

━ повеќе содржини

Еминем конечно има девојка?!

Познатиот рапер Еминем (53) е во врска со својата фризерка Катрина Малота, објавува E! Online. Интересно е што двајцата се по потекло од Мичиген,...

Како денес би изгледале Југо, Стокец и Фиќо?

Ласло Наѓ Перге од Суботица отсекогаш бил заљубен во автомобилите, а неговата страст датира од неговото детство, кога почнал да црта и дизајнира своите...

Еве во кои 33 општини ќе има втор круг на гласање

Во 33 општини ќе има втор круг на гласање кој треба да се одржи на 2. ноември. Неизвесно е дали во Старо Нагоричане ќе има...

ПАДНАА АМАЗОН, СНАПЧАТ, ФОРТНАЈТ, ПЕРПЛЕКСИТИ Проблеми со системот AWS предизвикаа прекини

Меѓу сервисите кои имаат проблеми се и Фортнајт, Канва и познатиот модел за вештачка интелигенција Перплексити. Според извршниот директор на Перплексити проблемот е во...

Резиме после првиот изборен круг: ПОБЕДА НА ВМРО-ДПМНЕ ВО 53 ОПШТИНИ ВО ПРВИОТ КРУГ, Вреди во 9, СДСМ 8, а ДУИ во 5

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на вчерашниот прв круг од локалните избори победи во вкупно 53 општини, Коалицијата Вреди во 9, СДСМ и Коалицијата во 8,...
spot_img