33 C
Shtip
spot_img

Збогум мачни диети – новите лекови за слабеење го освојуваат светот, еве колку ќе чинат и како делуваат

Светската здравствена организација (СЗО) подготвува историска промена во пристапот кон дебелината. Според доверливи извори на агенцијата Ројтерс, СЗО во август ќе објави прва официјална препорака за употреба на лекови за слабеење како дел од стандардниот третман на дебелина кај возрасни.

Се работи за препарати кои веќе ја менуваат сликата на модерната медицина – Ozempic, Wegovy (производ на Novo Nordisk) и Zepbound (новитет од Eli Lilly).

Овие лекови, досега достапни главно во САД, Велика Британија и Германија, се покажаа како исклучително ефикасни – клиничките испитувања покажале дека пациентите можат да изгубат 15 до 20% од телесната тежина, што е речиси незамисливо со класични диети.

Колку ќе чинат?

Во моментов, терапијата со овие лекови надминува 1.000 долари месечно во САД, а цените во Европа се исто така високи, особено ако не се покриени од државно или приватно осигурување.

Поради тоа, СЗО повикува на стратегии за проширување на пристапноста – особено во земјите со низок и среден приход, каде што живеат околу 70% од сите луѓе со дебелина во светот.

Како делуваат лековите за слабеење?

Сите споменати лекови се т.н. GLP-1 рецепторски агонисти. Тие го имитираат хормонот GLP-1, кој природно се лачи од цревата по јадење и делува врз центарот за ситост во мозокот. Ефектите од лековите се тројни:

– Го забавуваат празнењето на желудникот, поради што храната останува подолго време и се чувствува ситост

– Го намалуваат апетитот, па луѓето јадат помалку без да чувствуваат глад.

 Го зголемуваат лачењето на инсулин, што помага во контролирањето на шеќерот во крвта – особено важно за луѓе со дијабетес тип 2.

Лековите се даваат еднаш неделно, со поткожна инјекција во стомакот, бутот или надлактицата. Терапијата обично започнува со ниска доза која постепено се зголемува.

Кои се придобивките?

Пациентите не само што губат тежина, туку имаат подобрување на крвниот притисок, нивото на холестерол и гликемискиот профил. Исто така, се намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и се олеснуваат симптомите на метаболен синдром.

Но, не е сè идеално – еве ги ризиците:

– Гастроинтестинални проблеми: мачнина, повраќање, надуеност и дијареја, особено во првите недели

– Панкреатитис и проблеми со жолчната кеса: се јавуваат поретко, но може да бидат сериозни

– Проблеми со бубрезите или дехидратација ако не се следи добро хидратацијата

– Можна психолошка зависност од самата терапија, особено кај луѓе кои се борат со нарушувања во исхраната.

Поради тоа, лековите не се „чудотворни инјекции“, туку бараат строго следење од ендокринолог или дијабетолог, редовни контроли на крв, ултразвук на органи, прилагодена исхрана и физичка активност.

━ повеќе содржини

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ДОАЃА И ВО ШТИП – КАМЕРИТЕ ЌЕ ГИ РЕГИСТРИРААТ СООБРАЌАЈНИТЕ ПРЕКРШОЦИ!

Штип е следен на листата за воведување на системот „Безбеден град“ (Safe City). По Велес и Охрид, системот продолжува да се шири, а според...

Штипскиот тренер Антонио Доневски – Анте со нов ангажман на Малта!

Познатиот штипски фудбалски тренер Антонио Доневски - Анте има нов клуб на Малта - FC Mellieha! Ова е трет ангажман на Доневски на монденскиот...

Се нормализира водоснабдувањето во Штип!

Се нормализира водоснабдувањето во градот Штип. Поголем дел од штипските населби имаат вода за пиење, освен граѓаните кои што живеат во повисоките зони на...

101 година од „Палјачи“ – првата опера во Македонија која се одржала во Штип!

На 29 август 1925 година, во просториите на тогашниот Офицерски дом во Штип, се кренала завесата за операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало....

Благослов и молитва за почетокот на новата учебна година во Штип!

Со благослов и молитва за успешен почеток на новата учебна година, во Штип ќе се одржи соборна молитва – молебен за сите ученици, студенти,...
spot_img