11.6 C
Shtip
spot_img

ПРОНАЈДЕНА ДРОГА ВО ШТИП – ДВЕ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО ПРИТВОР!

Настанот се случил на 13 декември 2025 година, кога полициски службеници од СВР Штип, постапувајќи по судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории во сопственост на 54-годишниот И.Ш.

Во објектот бил затекнат и 32-годишниот С.Ш., исто така од Штип. При претресот, полицијата пронашла и одзела повеќе предмети и материи за кои постои сомнение дека се поврзани со дрога – бела грутчеста и прашкаста материја, марихуана, дигитална вага, дробилка, брендирани зипер-ќеси, како и предмети со траги од бела прашкаста материја.

Двајцата штипјани се лишени од слобода и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img