Голем број повредени по немилиот настан во Кочани, каде што се запали дискотека, итно се пренесени на лекување во странство.
Семејствата на повредените веќе бараат помош, а македонскиот фудбалер Стефан Ристовски е подготвен да им излезе во пресрет.
Десниот бек на Динамо Загреб на социјалните мрежи напиша дека им стои на располагање на сите семејства на повредените кои што ќе отпатуваат за Загреб.