22 C
Shtip
spot_img

Околу 15 специјалисти од странство пристигнаа во земјава за помош на повредените во Кочани

Околу 15 специјалисти од Белград и од Чешка се пристигнати во државава да помогнат за лекување на повредените во катастрофалниот пожар што се случи во дискотека во Кочани во кој, според последните официјални информации загинаа 59 лица, а 155 повредени. Се очекува да пристигнат и специјалисти од Израел.

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека тие ќе бидат распоредени по клиниките каде има потреба.

Таравари појасни дека дел од пациентите се транспортирани надвор од државата не затоа што немаме центар за изгореници, туку затоа што се работи за голем број на пациенти.

viber slika

– И да одите во поголеми држави нема центри за изгореници. Гледате дека сите држави прифаќаат од двајца до петторица пациенти, не повеќе. Кај нас се случи шок, изгореници на повеќе од 100 лица што треба да се третираат и нормално е дека немаме капацитети добро да ги третираме. Овие пациенти поради комликациите што се јавуваат од изгорениците, а сите се од втор или трет степен, веќе постои опасност од инфекции и целта ни беше да се третираат што подобро, а ние да сме подготвени евентуално за пациенти кои биле латентни, изјави Таравари.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски оцени дека македонскиот здравствен систем одлично се снашол во целата ситуација и дека и да сме имале центар за изгореници не би можело да им се пружи соодветена грижа затоа што пациенти со вакви изгореници бараат посебен треман.

– Со целата критика на македонското здравство вчера над 140 повредени беа прифатени во многу краток период. Зборуваме за пациенти кои имаат изгореници од втор и трет степен на повеќе од 10, 20, 30 проценти од површината.  Морам да кажам дека првата фаза на згрижување на пациентите е завршена, никој не остана незгрижен. И да имавме центар за изгореници ќе имавме бокса за четири-пет пациенти, истакна Клековски.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img