22.8 C
Shtip
spot_img

Српската пејачка Марија Микиќ направи скандал на протестите во Белград!

„Одеднаш сите почнаа да викаат, да го удираат автомобилот, да го тресат. Една девојка легна пред мојот автомобил, друга снимаше како, наводно, се обидувам да ја прегазам. Тогаш полудев затоа што тоа не е вистина. Еден човек ми рече: ‘Сега ти текна да одиш по децата…“, вели Марија Микиќ во своја одбрана, откако стана мета на критки за однесувањето.

Српската пејачка Марија Микиќ, по гласините за развод, повторно се најде во медиумите, овојпат поради нејзиното, според многумина несовесно, однесување кога со автомобил се упатила кон луѓе што протестираат во Белград.

Протестите во Белград и блокадите траат веќе извесен период.

И покрај блокадата на улицата и поставените контејнери, на социјалните мрежи на снимката се гледа како таа со автомобил се обидува да помине низ барикадите што биле поставени за да се блокира една од улиците на Бежаниска коса.

Жителите на Бежаниска коса се приклучиле на блокадите што се поставуваат веќе извесен период низ цел Белград.

Граѓаните што биле на улицата ја предупредиле дека станува збор за блокада, но таа сепак ги заобиколила контејнерите.

Тој потег наиде на бурна реакција кај граѓаните, кои се собрале околу нејзиниот автомобил и врескале по неа.

Марија потоа излегла од автомобилот за да се соочи со нив.

По инцидентот Марија откри дека добила куп навредливи пораки и по тој повод се огласи за целиот настан.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img