10 C
Shtip
spot_img

Спортски Штип се сеќава – пред точно 61 година се случи трагедијата со автобусот на ФК Брегалница

На денешен ден, 2 јули, пред точно 61 година, фудбалската експедиција на Брегалница Штип доживеа една од најголемите трагедии во својата историја – настан кој засекогаш ќе остане врежан во сеќавањата на штипската и македонската спортска јавност.

Во 1964 година, Брегалница беше во налет – тимот од Штип сонуваше за историски пласман во тогашната Втора југословенска лига, и по победата од 1:0 во првиот квалификациски натпревар против Титоград (денешна Подгорица), надежта беше голема. Стрелец на победничкиот гол во Штип беше Иштван Гордош.

Но, патот кон реваншот во Црна Гора, наместо славен, се претвори во трагедија.

На 2 јули, автобусот на ПИМ „Македонка“ кој ја превезуваше фудбалската експедиција на Брегалница, пропадна во бездна, по силен тресок што го прекина веселото расположение меѓу играчите. Многу фудбалери беа тешко повредени, а еден од нив, Никола Караколев, подоцна им подлегна на повредите. Оваа несреќа претставува најтажниот момент во историјата на клубот.

Без оглед на трагедијата, Брегалница го одигра и реваншот – загуби минимално со 1:0, но исходот беше во втор план.

Денес, 2 јули, ја одбележуваме оваа црна годишнина со голема почит кон играчите, стручниот штаб и сите членови на Брегалница кои беа дел од таа кобна експедиција. Особена почит за Никола Караколев, кој го загуби животот.

━ повеќе содржини

Ордан Зарински од Штип е добитник на стан во Скопје од инстант лозот на Државна лотарија

Стан во Скопје од инстант лозот „Доме сладок доме“ за Ордан Зарински од Штип Ордан Зарински од Штип освои стан во Скопје од инстант лозот...

За прв пат во Штип: Вински салон-фестивал! Спој на квалитетна капка вино, отменост, елеганција…

На 21.март годинава, Штип за прв пат ќе биде домаќин на еден настан посветен на винската култура. По пандан на големите европски метрополи, Штип...

Во тек се пријавите за второто издание на „Вардиште Траил“ во Штип

На 29 март ќе се одржи второто издание на „Вардиште Траил“ во Сончев Град во Штип, а во организација на клубот Ултра. Во тек...

Владата ја поздрави инвестицијата на „Актива Штип“ во нови производствени капацитети

Новите инвестиции во производствените капацитети на компанијата „Актива Штип“ носат значајна додадена вредност за македонската и локалната економија, беше истакнато при посетата на фабриката,...

Девојките од ОК Младост УГД газат сѐ пред себе

"Повторно голема победа од 3:1 против ланскиот шампион Јанта Волеј од Скопје! Денес одбележавме посебен резултат за нашиот клуб – пласман во завршниот турнир на...
spot_img