10.2 C
Shtip
spot_img

Следната година пристигнува првиот iPhone на преклоп

Следната година треба да биде доста интересна за Apple и за сите фанови на телефоните на компанијата. Можеме да очекуваме нова генерација поевтини телефони (веројатно iPhone 17e) на почетокот на годината, но најдобриот дел доаѓа во септември. Според бројните гласини досега, Apple конечно треба да го претстави својот прв телефон на преклоп, кој медиумите го нарекуваст iPhone Fold.

Се пишуваше многу за овој телефон во последните месеци, но тоа не е единствениот интересен уред што компанијата ќе го претстави за десет месеци.

За оние кои не се заинтересирани за ваков тип на уред со екран што се отвора или не сакаат да потрошат повеќе од 2.000 долари, што е очекуваната цена на Fold, Apple ги подготвува и своите класични телефони.

Покрај стандардните надградби и подобрувања – помоќен хардвер, подобри камери и можеби конечно некои подобри опции за вештачка интелигенција, Apple подготвува и интересен новитет за оваа генерација, а тоа е предната камера што ќе се наоѓа под екранот.

За ова се зборува веќе некое време, а претходните гласини велеа дека Apple го разгледува тоа за моделите што ќе бидат претставени во 2027 година. Новите гласини велат дека компанијата веќе започнала со тестирање на таква камера, што значи дека оваа опција би можела да биде достапна на уредите што ќе бидат претставени во септември следната година, на генерацијата iPhone 18.

Тие во моментов само ја тестираат оваа опција и дека постои можност да не бидат задоволни од резултатите од тестот и да ја одложат нејзината имплементација во самите уреди.

━ повеќе содржини

Завршено асфалтирањето на новата паркинг површина во населба Сењак

Завршено е асфалтирањето на новата паркинг површина во населбата Сењак, која е наменета за потребите на жителите од околните станбени згради. Со оваа активност...

Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Пролетта започнува со музика

По емотивната концертна средба со публиката во Скопје Бојана Скендеровски продолжува со ново музичко дружење, овојпат во градот кој за неа има посебно место...

Google Maps го доби своето најголемо ажурирање во последните 10 години: Кои се новитетите?

Google Maps штотуку го доби своето најголемо ажурирање во последните десет години (март 2026 година), а фокусот е речиси целосно на интеграцијата на моделите...

Петок 13-ти: Историјата, митологијата и суеверјата зад најнесреќниот ден

Денот што многумина го сметаат за најнесреќен во календарот, петок 13-ти, има долга историја обвиткана со митови, суеверија и историски настани. Но, дали навистина...

„Оскари“ 2026: Фаворити за најпрестижните филмски награди

Лос Анџелес – Сѐ е подготвено за најгламурозната ноќ во Холивуд. 98-то доделување на наградите Оскар, популарно познато како Оскари, наскоро ќе се одржи и...
spot_img