Пчеларското здружение „Пчелар 2014“ од Штип организира втор пролетен Саем на мед, кој ќе се одржи на 23 и 24 април на шеталиштето „Ванчо Прке“ во периодот од 08.00 – 17.00 часот.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидни пчелни производи, да се запознаат со работата на пчеларите и да купат квалитетен домашен мед директно од производителите.
Саемот има за цел да ја промовира пчеларската традиција и значењето на пчелите за природата и човекот.







