17.8 C
Shtip
spot_img

Првиот од 115-те пациенти на лекување во странство се врати во Македонија

Првиот од 115-те пациенти настрадани по трагедијата во дискотеката во Кочани кои се лекуваат во странство попладнево се врати во земјава. Се работи за пациент кој се лекувал во болница во Белград, Србија и ќе биде на опсервација во ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје.

Директорот на ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје, Андон Чибишев изјави дека вратениот пациент од Србија е во сосема подобрена општа клиничка состојба.

-Извесен период, неколку или можеби до утре ќе биде опсервиран на Универзитетската клиника за токсикологија. Во моментот се прават некои клинички иследувања. Тој е прегледан и е во сосема добра состојба, со добри клинички параметри. Ќе направиме некои наши иследувања за да бидеме сигурни дека можеме да го пуштиме дома да си оди кај семејството. Протоколот вели дека треба да земеме барем основна лабораторија, да направиме едно интервју за да видиме низ се што прошол додека се лекувал таму. Доаѓањето во својата држава и дома, секако дека за него е да не кажам малку стресна состојба и ние не можеме веднаш да го пуштиме да си оди дома, туку ете малку тука ќе биде со нас, ќе се дружи со нашиот персонал, а во меѓувреме ние ќе ги направиме иследувања, рече Чибишев.

Директорот на Токсикологија нагласи дека според Планот на Кризниот штаб има подготвено повеќе тимови кои се составени од психијатри и психолози кои ќе работат со пациентите кои се лекуваат во земјава и тие што ќе се вратат од странство.

– Апсолутно. Мислам дека и министерот на утринскиот брифинг со новинарите кажа дека според Планот на Кризниот штаб има подготвено повеќе тимови кои се составени од психијатри, психолози кои ќе работат со сите пациенти кои се лекуваат во државата и тие што ќе се враќаат од државите каде што биле трансферирани. Психичката траума е голема и стресот е голем. На тие пациенти сигурно ќе им треба и психијатриска и психолошка потреба, рече Чибишев.

Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, според протоколите кои што веќе беа прифатени од Кризниот штаб во Министерството за здравство, секој пациент што се враќа во земјата минимум 24 часа ќе биде следен од клиниката каде што ќе биде тријажиран и ќе биде на Клиниката за токсикологија.

-Потоа, докторите тука и конзилиумот на лекари ќе одлучат дали треба да се испрати во друга клиника, дали тука треба да продолжи со лекување или може да се пушти во домашни услови. Идните денови очекуваме и други пациенти да се вратат и посака сите 115 пациенти да се вратат живи и здрави во Македонија и да продолжат да живеат нормално. Меѓутоа, да не брзаме. Првиот стигна. Уште еднаш ќе повторам – посакувам сите да ни стигнат здрави и живи, рече министерот Таравари и информира дека неделава се очекува осум до десет пациенти да се вратат во земјава.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, пак, соопшти дека ќе продолжи постепено враќањето на пациентите кои се лекуваат по болници во странство кои се наоѓаат во добра здравствена состојба.

– Имаме најави дека ќе продолжи постепено враќање на пациентите кои што се веројатно тоа би можело да се класифицира во најдобра здравствена состојба од тие кои се надвор од државата. Но, не би прејудицирале сега точно, затоа што тоа е процес кој е динамичен и кој пред се е базиран врз основа на одлуки на стручните медицински лица надвор од државата и стручните медицински лица кои ги имаме во државата. Ние сме целосно на располагање на семејствата. Во постојана комуникација сме со семејствата и со голем дел од пациентите, изјави Муцунски.

━ повеќе содржини

Паника во авион на Wizz Air: Патничка снимила испукан прозорец залепен со трака

Паника во авион на Wizz Air: Патничка снимила испукан прозорец залепен со селотејп, компанијата објаснува дека немало опасност За Ана Савин, патничка на лет на...

Шест тешки месеци од трагедијата во Кочани, раните не зараснуваат

Денес (среда, 16.09) навршуваат точно 6 месеци од трагичната ноќ во дискотеката Пулс во Кочани. Раните не зараснуваат, болат и болат се посилно. Во Штип...

Вечерва започнува новата сезона во Лигата на шампионите

Новата сезона на фудбалската Лига на шампиони започнува вечерва, по втор пат во новиот формат што беше воведен минатата година, а титулата ја брани...

Пензионери освоија 12 милиони евра, а со денови не знаеле: Тикетот им стоел на фрижидер

Сонот што стоел на фрижидер: Постара двојка од Мелбурн со денови не знаела дека освоила 12 милиони евра на лотарија Во приказна што го докажува...

Слеп човек повторно прогледа по 20 години благодарение на уникатна операција „заб во око“

Повеќе од две децении, 34-годишниот Брент Чепмен од Канада живееше во темнина. Сега повторно може да гледа благодарение на исклучително ретка хируршка процедура наречена...
spot_img