21.8 C
Shtip
spot_img

ПОЧНА СНИМАЊЕТО НА НОВИОТ МАКЕДОНСКИ ФИЛМ „ПОТСТАНАР“

Режисерот Марко Ѓоковиќ на 15 јуни почна со снимањето на својот дебитантски долгометражен филм со работен наслов  „Потстанар“.  Продукцијата е на „Сектор филм“, а сценаристи се Ѓоковиќ и Симеон Венциславов од Бугарија. Филмот ќе се снима на повеќе локации низ Скопје во текот на наредниот месец.

„Потстанар“ е копродукција со „Мир Медиа Груп“ и „Ливинг Пикчрс“ од Србија, како и со „Парангал филм“ од Црна Гора, со поддршка од Агенцијата за филм на Македонија, Филмскиот центар на Србија и Филмскиот центар на Црна Гора.

Во 2021, „Потстанар“ беше поддржан со 23.5 милиони денари (околу 380.000 евра) на конкурсот на Агенцијата за филм.

Македонските продуценти Владимир Анастасов и Ангела Несторовска велат дека „Потстанар“ е психолошка драма инспирирана од драмскиот текст „Владимир“ на словенечкиот автор Матјаж Жупанчиќ. Приказната ги следи тројцата пријатели чиј заеднички живот добива неочекуван пресврт кога зад шармантната фасада на нивниот нов цимер започнува да се открива неговата вистинска, манипулативна природа. Во ограничениот простор на заедничкото живеалиште, борбата за лична слобода станува неизвесна.

Главните улоги ги играат младите актери Ана Јовановска, Илија Волчевски и Хакан Даци, како и Албан Укај од БиХ кој се прослави со  улогата на Сокол во филмот „Тишината на Лорна“ на  браќата Дарден. Во останатите улоги се Николина Кујача, Камка Тоциновски, Софија Куновска, Борис Дамовски, Адем Карага, Стефанија Начевска, Мина Јелушиќ, Лазар Христов, Бранко Атанасов и Матеа Јанковска.

Директор на фотографија е  Александар Крстевски, сценограф е Сашо Блажевски, костимите се на Розе Трајческа, шминката на Снежана Ангеловска-Живковска, снимател на звук e Дејан Михајловски, а кастинг директорка Милка Анчевска

Копродуценти се Александар Протиќ, Димче Стојановски, Стефан Орландиќ Стојановски (од Србија) и Маја Кецојевиќ (од Црна Гора)

Режисерот Марко Ѓоковиќ е роден во Скопје во 1984. За време на средношколските денови бил вклучен во неколку филмски продукции. Во 2004 се запишал на Европскиот филмски Колеџ во Данска на отсекот за режија, а дипломирал во 2013 на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје, на отсекот филмска и ТВ-режија, во класата на проф. Столе Попов. Зад себе има неколку наградувани кратки филма, меѓу кои „Еклер“ (2016), „Луѓе без земја“ (2011) и „Синот“ (2013), прикажани на повеќе филмски фестивали во светот.

━ повеќе содржини

14 различни начини на спремање на оброк од јајца

Варени, поширани, печени, пржени или како кајгана – јајцата можат да се подготват на многу начини, а речиси секој има свој омилен рецепт. Но,...

Во Охрид, штипјанец ја нападнал својата вонбрачна сопруга

На 11.08.2026 во 19:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишијаод слобода  лице на (43) од Штип, постапувајќи по претходна пријава...

25 години од Охридскиот рамновен договор!

Денеска, се навршуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот договор со кој во 2001 беше ставен крај на нивниот вооружен судир, а двете заедници...

Првиот уписен рок на УГД Штип ќе трае од 19 до 21 август

Првиот рок за упис на кандидати во прва година додипломски студии за академската 2026-2027 година на 12 факултети и три академии на Универзитетот „Гоце...

Една билка може да помогне против комарците на балконот

Со топлите летни вечери доаѓаат и комарците, кои често го прават непријатен престојот на балконот или во дворот. Цитронелата е едно од природните решенија...
spot_img