13.9 C
Shtip
spot_img

ПОГРЕБОТ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ПОЖАРОТ ОД КОЧАНИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 20 МАРТ

Погребот на загинатите лица од Кочани во пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се одржи на 20 март. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов кажа дека е преземно сè што е потребна за организирање на погребот.

На погребот ќе присуствува поглаварот на Македонската православна црква, Г. Г. Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот.

Судија на претходна постапка од Основниот суд Кочани до 4 часот утринава, одобрил 48-часовен притвор на 16 лица како осомничени во предистрагата за катастрофалниот пожар во импровизираната дискотека „Пулс“ во која загинаа 59 главнината од 14 до 25 години. Над 150 се повредени, од кои 76 се испратени на лекување во странство.

Овие притвори истекуваат утре. Обвинителите може да бараат уште по еднаш по 48 часа притвор за секој од овие осомничени за обезбедување на нивно присуство дури се собираат доказите, а потоа може да се бараат по 30-дневни притвори за секој осомничен за кој обвинителите сметаат дека треба да побараат.

Во притвор покрај ексминистерот за економија Крешник Бектеши и службеници од Министерството, се и ексдиректорот на Државниот пазарен инспекторат, вработени оттаму, сопственикот, односно организаторот на концертот на ДНК, членови на обезбедувањето и други.

Нема уапсени и притворени актуелни функционери, градоначалникот Љупчо Папазов откако дал изјава пред обвинител, си заминал дома.

━ повеќе содржини

Викендов „Генералка викенд“ во Штип!

Викендов, започнува „Генералка викенд“. Во Општина Штип ќе се чистат локации во централното градско подрчаје, кои се мапирани цела година и на кои е...

Дел од центарот на Штип, клиничка болница, реонот околу судот останаа без струја

Без елекрична енергија остана дел од централното градско подрачје во Штип. Според информации од веб страницата на ЕВН, кога се во прашање прекини во...

Финска ја ограничува употребата на телефони и други мобилни уреди

Финска донесе закон со кој се ограничува употребата на телефони и други мобилни уреди за време на часовите во основните и средните училишта, поради...

Работа од соништата! Бесплатни патувања низ светот и плата близу 120.000 евра

Замислете да патувате низ светот, од Јапонија, преку Мароко до Скандинавија и да уживате во убавините на локалните ентериери и за сето тоа да...

Го чисти црниот дроб како од шала! Ова овошје е чистач на токсини во телото

Нутриционист открил дека јадењето боровинки помага во чистење на црниот дроб, но не смеете да претерувате со ова овошје. Црниот дроб е втор најголем орган...
spot_img