Лицата кои се заболени од канцер од март ќе имаат бесплатна психолошка поддршка, најави на денешната прес-конференција Снежана Санева раководител на Секторот за јавни дејност, образование и ЛЕР во Општина Штип. Претставници на приватни здруженија за психолошка поддршка на заболени од канцер вклучени во реализацијата на оваа програма , која се финансира преку Програмата за еднакви можност на Општина Штип
На лицата ко им е понудена психолошка поддршка, им е полесно да се справат со третманот, тврдат претставници на приватните здруженија за ваква поддршка. Велат на тој начин тие имаат поквалитетен живот и намалена анксиозност.
-Токму овде е насочена нашата работа и нашата поддршка. Што покажуваат истражувањата? Покажуваат дека лицата, кои се вклучени во групна работа, на кои им е понудена психолошка поддршка имаат можност полесно да се справат со третманот, да имаат поквалитетен живот, намалена анксиозност и се намалува социјалната изолација, вели Кирова.
И психолозите од Штип, ја потврдија важноста за психолошката помош на ваквите лица. Ги повикаа сите граѓани кои се соочуваат со оваа болест да добијат бесплатна поддршка во група коај ќе биде доверлива.
-Благодарни сме на Општина Штип што ни овозможи да го спроведиме овој проект, за кој веруваме дека има многу реална потреба. Ги повикуваме сите граѓани, кои се соочуваат со оваа болест за оваа бесплатна достапна можност за психолошка поддршка во група и која ќе биде доверлива и безбедна средина, којашто ќе добијат поддршка, советување и можност за разговор. Важно е да напомениме дека во групата ќе можат да се соочаат со дијагнозата, на начин што обезбедува нормализирање на нивните чуствува, потоа чувтсво на припадност и на разбирање и стручна помош во справување со стресот. Но и можност да ги прифатат сопствените телесни и животни промени, да се соочат со овие процеси кои дијагнозата ги носи, вели Трајковска.
Санева која воедно е и претседател на Комисијата за еднакви можности на Општина Штип истакна дека оваа година Програмата има буџет од околу еден милион денари, а со неа се финанисираат и проекти на Здруженија за борба против семејното насилство.







