5.7 C
Shtip
spot_img

ОК Младост УГД со максимална победа во дербито на колото, им го нанесе првиот пораз на Наковски Волеј

Одбојкарките на ОК Младост УГД ставија крај на импресивната победничка серија на ОК Наковски волеј, откако попладнево во Штип славеа со максимални 3:0 (25:22, 28:26, 25:13) во последниот натпревар од 15. коло во Првата лига – жени.
Струмичанки цели пет месеци, односно 14 кола, беа недопирливи за конкуренцијата во домашниот шампионат. Ниту еден тим не успеа да ја пронајде вистинската „формула“ за нивно запирање – сè до денешниот дуел во Штип. Младост УГД одигра зрело, дисциплинирано и во клучните моменти покажа поголема концентрација, особено во вториот сет кој го доби по драматична завршница со 28:26. Токму тој момент го скрши отпорот на фаворитот, па третиот сет мина во целосна доминација на домаќинките.
Со овој триумф, шампионатот добива дополнителна неизвесност. На три кола до крајот на регуларниот дел од сезоната, борбата за подобра позиција пред плеј-офот станува сè пожестока, а разликите меѓу водечките екипи се намалуваат.
Во друг натпревар од колото, Вардар ЕМ повторно се радуваше во градската пресметка против Фит Фан Волеј, славејќи со убедливи 3:0. По триумфот во осминафиналето од Купот на ОФМ 2026, вардарки уште еднаш ја потврдија доминацијата над ривалот и дополнително го зацврстија своето место во зоната што води во плеј-офот.
Со влегувањето во самата завршница од регуларниот дел, секој освоен бод може да биде пресуден. Следуваат три кола во кои ќе се кројат позициите и ќе се дефинира патот кон титулата, а денешните резултати најавуваат возбудлива завршница во елитното женско одбојкарско првенство.

━ повеќе содржини

Забраната на мобилни телефони ги оживеа училишните дворови

Училишните дворови во германскиот Солинген повторно се исполнети со детска игра и разговори, откако во целиот град беше воведена забрана за користење социјални мрежиза учениците...

„Емирати“ најавија враќање на ЛЕТОВИТЕ ОД И ДО ДУБАИ ОД УТРЕ

Поради повеќекратни регионални затворања на воздушниот простор, „Емирати“ привремено ги суспендираше сите операции до и од Дубаи, до 15:00 часот по Обединетите Арапски Емирати...

Општина Штип обезбеди средства за бесплатна психолошка поддршка на лицата заболени од канцер

Лицата кои се заболени од канцер од март ќе имаат бесплатна психолошка поддршка, најави на денешната прес-конференција Снежана Санева раководител на Секторот за јавни...

ФК Брегалница со јавна благодарност до своите фанови и навивачка група

Се чини дека на фудбалски план во Штип полека, но сигурно коцките се сложуваат и се си доаѓа на место. Се консолидираат односите помеѓу...

Поскапува дизелот!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши...
spot_img