35.1 C
Shtip
spot_img

Македонски бренд што го освојува светот: „Cafe De Anatolia Experience“ викендов настапи во родната Виница

По успешни настапи во Дубаи, Мускат, Тулум, Санторини, Букурешт, Абу Даби и други светски дестинации, Cafe De Anatolia за првпат го претставувија својот концепт Experience во Македонија, и тоа токму во Виница, вчера, во текот на целиот ден од 15:00 до 01:00 часот.

Иако со години организира настани ширум светот, ова е првпат серијата Experience да се одржи во родната земја на основачите, на локацијата Sliv Elite Events, која дополнително ја збогатува атмосферата на овој ексклузивен концепт.

Настанот понуди холистичко доживување со музика, уметност, гастрономија и вино – DJ сетови од домашни и странски артисти, boho атмосфера со танчари и face painters, уметнички настапи и ексклузивна дегустација на вината by Cafe De Anatolia.

Малкумина знаат дека зад Cafe De Anatolia стојат македонски основачи – фамилијата Илиеви: Зоран Илиев (Billy Esteban) – татко, Моника Илиева (Monika Ilieva) – ќерка, Никола Илиев (Nickarth / Rialians On Earth) – син
Моментално, Billy Esteban и Rialians On Earth се најслушаните македонски артисти во светот, во сите музички жанрови, според слушаноста на Spotify – со над 200.000 месечни слушатели секој.

Со над 5.000 артисти во својата мрежа, појава на Times Square и номинација за Beatport Hype Label of the Year во Ибица, Cafe De Anatolia е признат како лидер на глобалната organic house сцена, со над 10.000 издадени траки и признание од Forbes и Entrepreneur како основачи на жанрот, кој моментално е тренд и има огромно влијание врз светската култура, музика, мода, филм и уметност.

━ повеќе содржини

Дали би спиеле во капсула на аеродром?

Капсулните хотели и капсулите за спиење на аеродромите сè повеќе се наметнуваат како спас за патниците кои имаат долги престои или откажани летови што...

Штипскиот доктор Сашко Кедев, првиот македонец што ги освои сите врвови над 8.000 метри

Доктор Сашко Кедев од Штип успеа во нешто што досега не му успеало на ниту еден Македонец – да ги искачи сите 14 планински...

Трамп го смени рецептот на Кока Кола, компанијата се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека Кока-Кола се согласила да користи „вистински шеќер од трска“ како засладувач во своите пијалоци што се...

МЕЃУ ШТИП, РАДОВИШ И КАРБИНЦИ ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ НАЈГОЛЕМИОТ ВЕТЕРЕН ПАРК НА БАЛКАНОТ, ИНВЕСТИЦИЈАТА Е ВРЕДНА 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Најголемиот ветерен парк на Балканот почна да се гради меѓу општините Штип, Радовиш и Карбинци на површина од 330 хектари, претежно на територијата на...

Кои се 5-те најпознати народи без држава, знаме и националност?

Во светот постојат стотици етнички групи, но не секоја од нив има сопствена национална држава. Некои народи, иако бројни и богати со култура и...
spot_img