11.9 C
Shtip
spot_img

Македонскиот краток филм „Мала шега“ освои 5 награди и се прикажa на 18 фестивали во земјава и странство

Краткометражниот филм „Мала шега“ во режија на Трифун Ситниковски, досега се прикажуваше на 18 фестивали во Македонија и низ светот, меѓу кои во Данска, САД, Италија, Финска, Кореја, Нигерија, Бразил и Узбекистан. Филмот ја имаше својата светска премиера на престижниот „Оденсе интернационален филсмки фестивал“, каде билетите за првата проекција беа распродадени, а фестивалот го посетија над 250 гости од целиот свет.

Филмот освои пет домашни и меѓународни награди: Награда од публиката и Специјално признание за актерката Јана Никодиновска на „Sирни Фестивал“ во Скопје, Награда за Најдобар филм на „Филмски Фронт“ во Нови Сад и латна награда и Најдобра актерка (Јана Никодиновска) на „Уника Кореја“ во Кореја.

Покрај Оденсе, Мала шега беше селектиран на реномирани фестивали како „Hobnobben Film Festival“ (САД), „Bardi Film Festival“ (Италија), „Браќа Манаки“ (Битола), „Pori Film Festival“ (Финска), „Pearl of the Silk Road“ (Узбекистан), Младински филмски фестивал „Спознавање“ (Битола) и други.

Филмот ја раскажува приказната за тинејџерска љубов инспирирана од истоимениот расказ на Антон Павлович Чехов, сместена во македонски контекст. Главните улоги ги толкуваат Јана Никодиновска и Марко Илиевски. Продуцент и монтажер е Гоце Кралевски, а копродуценти се Сашка Цветковска и Адријана Пруговечки. Кинематографер на филмот е Сергеј Сарчевски, дизајнер на продукцијата е Александра Петкова. Композитор е Мартина Силјановска, а за костимографијата одговорна беше Марта Дојчиновска.

„Мала шега“ е во продукција на ДНФ Филмс и копродуциран од Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) од Македонија и Изван Фокуса од Хрватска, во соработка со Вардар Филм, а со поддршка на Агенција за филм и Хрватскиот Аудиовизуелен Центар.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img