11.9 C
Shtip
spot_img

Лука Дончиќ ќе игра на Евробаскетот

И додека многу европски кошаркарски ѕвезди од НБА како Никола Јокиќ сè уште не одлучиле дали ќе играат на Евробаскетот, еден од нив ја реши дилемата уште пред таа да биде поставена.

„Лука Дончиќ потврди дека ќе игра за Словенија на претстојниот Евробаскет“, објави претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Словенија, Матеј Ерјавец.

„Имав состанок со генералниот менаџер на Лејкерси, Роб Пелинка, и тој ми рече: „Ќе го земеш Лука и еден тренер и тоа е тоа. Воопшто немаше дискусија за тоа дали ќе учествуваат на Евробаскетот“, рече Ерјавец.

Така, асот на Лејкерси уште еднаш го потврди фактот дека неговата земја и репрезентација секогаш се на прво место. Тој ќе ја предводи Словенија во групата Д, која се игра во Полска, а покрај домаќините, нивни ривали ќе бидат Исланд, Франција, Белгија и Израел.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img