9.4 C
Shtip
spot_img

Крај на пластиката: Научници создадоа суперматеријал од бактерии што може да ја замени

Резултатот е биоразградлив материјал кој ја комбинира цврстината на металот, транспарентноста на стаклото и флексибилноста на пластиката, но без загадување.

Во студијата објавена во списанието Nature Communications, научниците претставиле иновативен и лесно применлив пристап за производство на бактериска целулоза со извонредни механички и функционални својства. Користејќи ротирачки биореактор, успеале да го насочат движењето на бактериите кои произведуваат целулоза и на тој начин постигнале нејзино насочено распоредување за време на растот, создавајќи материјал чија цврстина достигнува 436 мегапаскали.

Кога за време на синтезата биле додадени нанослоеви на бор-нитрид, материјалот станал уште посилен — дури 553 мегапаскали — и со трипати поефикасно оддавање на топлина од контролните примероци. Оваа хибридна структура не само што е механички поиздржлива, туку покажува и напредни термички својства, што ја прави погодна за употреба во електроника и енергетика.

Заштита на животната средина

За разлика од стандардната бактериска целулоза, чиите влакна се формираат насумично и ја ограничуваат цврстината, овој метод користи контролирана динамика на флуиди за да постигне правилна ориентација на влакната уште за време на биосинтезата. Техниката, исто така, овозможува лесно додавање на различни наночестички директно во структурата, со што материјалот може да се прилагоди според конкретни индустриски потреби.

Научниците веруваат дека овој уникатен, едностепен и еколошки процес има огромен потенцијал за широка примена во индустријата — од пакување и текстил, преку електроника и системи за ладење, па сè до складирање на енергија. Очекуваат дека овој материјал во иднина би можел да ја замени пластиката во многу сектори и на тој начин да придонесе за заштита на животната средина, пишува Science Daily.

━ повеќе содржини

Завршено асфалтирањето на новата паркинг површина во населба Сењак

Завршено е асфалтирањето на новата паркинг површина во населбата Сењак, која е наменета за потребите на жителите од околните станбени згради. Со оваа активност...

Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Пролетта започнува со музика

По емотивната концертна средба со публиката во Скопје Бојана Скендеровски продолжува со ново музичко дружење, овојпат во градот кој за неа има посебно место...

Google Maps го доби своето најголемо ажурирање во последните 10 години: Кои се новитетите?

Google Maps штотуку го доби своето најголемо ажурирање во последните десет години (март 2026 година), а фокусот е речиси целосно на интеграцијата на моделите...

Петок 13-ти: Историјата, митологијата и суеверјата зад најнесреќниот ден

Денот што многумина го сметаат за најнесреќен во календарот, петок 13-ти, има долга историја обвиткана со митови, суеверија и историски настани. Но, дали навистина...

„Оскари“ 2026: Фаворити за најпрестижните филмски награди

Лос Анџелес – Сѐ е подготвено за најгламурозната ноќ во Холивуд. 98-то доделување на наградите Оскар, популарно познато како Оскари, наскоро ќе се одржи и...
spot_img