3.7 C
Shtip
spot_img

За Велигден ќе јадеме јагнешко по “италијански цени”

Според проценките на месопреработувачите, цената на јагнешкото во малопродажба ќе достигне над 660 денари по килограм, што е речиси идентично со извозната цена на италијанскиот пазар – околу 11 евра за килограм.

Иако голем дел од македонските јагниња традиционално заминуваат за Италија, дел и за Хрватска, годинава ќе има доволно месо и за домашната потрошувачка.

Сепак, сточарите алармираат дека состојбата во секторот е алармантна – ниските откупни цени, високите трошоци за храна и лекови, како и доцнењето со исплатата на субвенциите, ги доведуваат до работ на опстанок.

„Цената која ја добиваме од откупувачите не ги покрива ни основните трошоци. Во моментов се нудат околу 210 денари по килограм жива мера, а трошоците за производство се многу поголеми,“ вели Трајан, сточар од кичевско.

Тој додава дека очекува барем во шпицот на потрошувачка – неделата пред Велигден – цената да се покачи до 250 денари, што би им овозможило минимална добивка.

Дополнителен проблем за одгледувачите на овци е обврската да ги продаваат најмалку 50 отсто од јагнињата во регистрирани кланици, мерка што, според нив, ги става во нерамноправна положба.

„Со оваа обврска, нè тераат да продаваме под услови кои не се секогаш поволни за нас. Понекогаш приватните купувачи нудат подобри услови, но сме ограничени. Ова треба веднаш да се укине“, изјави Сашко, сточар од Пелагонија.

Министерството за земјоделство засега нема официјален став за евентуалното укинување на мерката за обврзна продажба во кланиците, ниту за рокот кога ќе бидат исплатени субвенциите.

И додека купувачите се подготвуваат да платат значително повеќе за традиционалниот Велигденски ручек, сточарите велат дека тие добиваат најмалку од целиот вредносен синџир.

Производителите се надеваат дека барем празниците ќе донесат мало олеснување, но стравуваат дека по нив, борбата за опстанок ќе продолжи со уште поголем интензитет.

━ повеќе содржини

„Виз Ер“: Летовите до и од Саудиска Арабија, Израел, Дубаи, Абу Даби и Аман се суспендирани до 7 март

„Виз Ер“ во својот официјален став потврдува дека поради тековната безбедносна ситуација во регионот, летовите до и од Саудиска Арабија се суспендирани до 7...

Јелена Томашевиќ се сруши на бина, итно пренесена во болница

Јелена Томашевиќ го прекина концертот во Бар по една испеана песна, откако ѝ се слоши на бината пред преполната сала. Таа и нејзиниот сопруг...

Војдан Стојановски испишува нова страница во историјата на македонската кошарка

Настапот против Луксембург, беше 89-ти за Војдан Стојановски во дресот на македонската репрезентација, со што тој се изедначи на првото место на вечната листа...

Цените на нафтата би можеле да „експлодираат“ после нападите врз Иран

Цените на нафтата нагло пораснаа утрово, додека берзите паднаа во раното тргување, по почетокот на нападите на САД и Израел врз Иран во текот на викендот. Цената...

Забраната на мобилни телефони ги оживеа училишните дворови

Училишните дворови во германскиот Солинген повторно се исполнети со детска игра и разговори, откако во целиот град беше воведена забрана за користење социјални мрежиза учениците...
spot_img