29.3 C
Shtip
spot_img

Денеска се празнува Благовештение на Пресвета Богородица – меѓу народот попознато како Благовец

Кога Пресветата Дева наврши единаесет години пребивање и служење во ерусалимскиот храм и четиринаест од раѓањето – значи кога стапи во петнаесеттата година од животот – свештениците и соопштија дека според Законот повеќе не може да остане при храмот, туку треба да пристапи кон веридба и брак. Одговорот на Пресветата Дева беше големо изненадување за тамошните свештеници. Изјави дека таа себеси Му се посветила на Бога и не сака да стапува во брак со никого. По Божја Промисла и вдахновение тогаш првосвештеникот Захарија, татко на свети Јован Крстител, се договори со другите свештеници, собра дванаесет вдовци од Давидовото племе за да пронајдат еден на когошто би му ја довериле Дева Марија како на оној кој ќе ја чува нејзината девственост и ќе се грижи за неа. Му ја доверија на стариот Јосиф од Назарет, којшто ѝ беше роднина. Во домот Јосифов Пресветата Дева продолжи да живее исто како во Соломоновиот храм, минувајќи го времето во читање на Светото Писмо, во богомислие и ракоделие. Од дома не излегуваше речиси никогаш, ниту се интересираше за светските работи и настани. Малку зборуваше со кој било и никогаш без особена потреба. Најчесто општеше со ќерките на Јосиф. Но, на Пресветата Дева ѝ се јави во одајата великиот архангел Гавриил, а некои свештеници пишуваа дека во оној миг таа го имала пред себе отворено пророштвото на Исаија кој вели: „Ете, девојка ќе зачне и ќе роди син!“ Гавриил ѝ се јави во архангелска светлина и ѝ рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе!“. Со оваа архангелска благовест и со слегувањето на Светиот Дух врз Пречистата Дева, започна спасението на луѓето и обновата на созданието. А историјата на Новиот Завет ќе значи радост за човештвото и за сета твар.

━ повеќе содржини

Последен врел ден, од утре драстичен пад на температурите!

Септември утре ќе започне како продолжение на август, со сончево и многу топло време и температури кои во најтоплите делови од Македонија ќе достигнат...

Штипјанец наместо да се лекува крадел од простории за вработени на скопска клиника

На 30.08.2026 во 14:50 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.С.А.(42) од Штип....

Пожарот во Штипско сè уште активен – гори меѓу Селце, Пухче, Степанци и Лакавица

Пожарот во штипскиот регион и натаму е активен. Според информациите на Центарот за управување со кризи, заклучно со 7:30 часот денеска гори ниска вегетација...

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ДОАЃА И ВО ШТИП – КАМЕРИТЕ ЌЕ ГИ РЕГИСТРИРААТ СООБРАЌАЈНИТЕ ПРЕКРШОЦИ!

Штип е следен на листата за воведување на системот „Безбеден град“ (Safe City). По Велес и Охрид, системот продолжува да се шири, а според...

Штипскиот тренер Антонио Доневски – Анте со нов ангажман на Малта!

Познатиот штипски фудбалски тренер Антонио Доневски - Анте има нов клуб на Малта - FC Mellieha! Ова е трет ангажман на Доневски на монденскиот...
spot_img