15.4 C
Shtip
spot_img

Започна електронското пријавување за сместување во студентски домови за 2025/2026

Бруцошите ќе имаат можност да се пријават по завршувањето на уписите, односно во периодот од 10 до 17 септември.

Апликациите се поднесуваат преку интернет, на веб-страницата e-uslugi.mon.gov.mk, каде што студентите треба да прикачат и потребни документи. Секој кандидат може да конкурира само за еден студентски дом.

Според конкурсот, на располагање се вкупно 4.264 слободни места во студентските домови во Скопје, Битола, Штип, Тетово, Охрид и Прилеп. Од нив, 851 се наменети за бруцоши, а 3.413 за останатите студенти.

Поради тековна реконструкција, домовите „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје засега остануваат затворени. Сепак, се очекува тие да бидат достапни за студентите од вториот семестар.

Најголем број слободни места во Скопје има во студентскиот дом „Гоце Делчев“ – 1.212 места, потоа во „Пелагонија“ – 997 места, како и во „Томе Стефановски – Сениќ“ со 335 места. Во Битола, студентскиот дом „Кочо Рацин“ располага со 385 слободни места, додека во Прилеп, „Орде Чопела“ има 330.

Во Охрид, студентскиот дом „Никола Карев“ располага со 242 слободни места. Штип нуди вкупно 348 места – 236 во државниот дом „Браќа Миладиновци“, 60 во приватниот дом „Хилјадников“ и 52 во „Логос“. Во Тетово, државниот дом „Тетово“ располага со 295 места, а приватниот дом на УЈИЕ со 120.

Конечните резултати за студентите од втора и повисоките години ќе бидат објавени најдоцна до 6 септември, а за бруцошите до 30 септември. Сместувањето започнува веднаш по потпишувањето на договорот со домот, а најдоцна 10 дена по објавувањето на конечниот список.

━ повеќе содржини

Жена џин – Шарлот Мил е висока 213 сантиметри и има трети најголеми женски дланки во светот

Инфлуенсерката Шарлот Мил стекна голема популарност на социјалните мрежи поради нејзината висина од 213 см. Таа редовно објавува фотографии и видеа од својот живот...

In memoriam: Почина македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили

На 58-годишна возраст почина македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили, кој остави препознатлива трага во театарот, филмот и телевизијата. Тој е роден на 30...

По повод Светската недела за борба против глауком – Утре (13/03) бесплатно мерење очен притисок во Штип

По повод Светската недела за борба против Глауком, Одделот за очни болести при ЈЗУ Клиничка болница – Штип, во соработка со Катедрата по офталмологија...

ХАВАРИСАНИ ВОЗИЛА ОДЗЕМАНИ ОД ДРВОКРАДЦИ СО ГОДИНИ СЕ ТРУПААТ ВО КРУГОТ НА „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ ВО ШТИП

Стотина хаварисани и нерегистрирани автомобили, трактори и камиончиња, одземени од шумската полиција поради нелегална сеча и транспорт на огревно дрво, со години стојат во...

Штипјанецот Коки Јанков со двоен албум и концерт во најава

„Навикни на промени“ е новиот двоен албум на музичарот Никола Јанков-Коки, кој треба да излезе за неколку месеци. Албумот е насловен по една од...
spot_img