5.7 C
Shtip
spot_img

Забраната на мобилни телефони ги оживеа училишните дворови

Училишните дворови во германскиот Солинген повторно се исполнети со детска игра и разговори, откако во целиот град беше воведена забрана за користење социјални мрежиза учениците од петто одделение. „Децата повторно разговараат меѓу себе и си играат“, вели Андреас Темпел, директор на училиштето „Александер Копел“.

Ова и уште единаесет други средни училишта во градот учествуваат во проект што предвидува целосно откажување од социјалните мрежи — и во училиштето и дома. Претходно, училиштата постојано се соочувале со проблеми предизвикани од мобилните телефони: „Децата порано седеа по ќошиња со наведнати глави над телефоните“, раскажува Темпел.

Забраната била воведена со заеднички договор меѓу училиштата и родителите како начин да се спречи бесконечното скролање, дигиталната зависност и меѓусебното онлајн малтретирање.

Одлични резултати во пракса

Во петтите одделенија на училиштето на Темпел има 162 ученици, и кај сите забраната функционирала без сериозни проблеми. „Сѐ помина многу лесно. Најважно е родителите да бидат вклучени — забраната нема смисла ако престане веднаш штом децата ќе стигнат дома“, нагласува тој.

Без ТикТок, Инстаграм и Снепчет, директорот верува дека за неколку години училиштето ќе стане целосно „без мобилни телефони“. Голем проблем, вели тој, е што децата доаѓаат во понеделник исцрпени: „За време на викендот поминуваат премногу време на телефонот, главно на социјалните мрежи“.

„Епидемија на психички нарушувања“

Психологот Маркус Сари, кој десет години работи во Солинген и го следи проектот, предупредува дека неконтролираното користење социјални мрежи сериозно ги оптоварува младите. „Гледаме вистинска епидемија на психички нарушувања. Анксиозноста и депресијата драматично пораснаа“, вели тој.

Учениците му раскажувале за својата зависност и за постојаниот порив да го проверуваат телефонот. Според него, откажувањето од социјалните мрежи видливо ја подобрило атмосферата: дворовите оживеале, а учениците изгледаат посреќни.

Бидејќи проектот е заеднички, никој не се чувствува исклучен или ставен на маргините. „Тоа е правилниот пат“, вели психологот.

Родителите често немаат контрола

За многу родители е тешко да им постават граници на своите деца кога станува збор за телефони. Сари смета дека ова мора да се решава колективно: „Ако дваесет родители во едно одделение кажат дека нивните деца во петто одделение нема да добијат телефон, никој нема да биде аутсајдер.“

Во Германија во моментов се води интензивна политичка расправа за старосни ограничувања на социјалните мрежи. Психологот критикува дека дебатата доцни: „Требаше да почнеме пред две години.“

На конгресот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) во Штутгарт, делегатите масовно поддржаа законска граница од 14 години. И СПД бара брзо делување. Генералниот секретар Тим Клизендорф предупреди дека алгоритмите што создаваат зависност, како и говорот на омраза и малтретирањето, стануваат огромен општествен проблем.

Младите во просек поминуваат 231 минута дневно на телефон

Според актуелната ЈИМ-студија, речиси сите млади од 12 до 19 години имаат свој телефон, а две третини признаваат дека често поминуваат повеќе време од планираното. Во просек, користат телефон повеќе од три и пол часа дневно — поради што многумина доаѓаат на училиште ненаспани.

Темпел ја поздравува политичката расправа: „Конечно и политиката зборува за ова. Мислам дека се движат во истиот правец како ние во Солинген“.

Учениците против забрана, но за правилна употреба

Ученичката претставничка Анастасија Пик од Северна Рајна-Вестфалија моментно доброволно се воздржува од социјални мрежи, но не ја поддржува идејата за целосна забрана. „Денес ништо не функционира само преку весници или мејлови. Комуницираме преку Снепчет и ТикТок“.

Таа смета дека социјалните мрежи се премногу важни за младите за да бидат целосно забранети, и дека треба да се учат на правилна употреба.

Забраната од петтите одделенија веќе се шири и на други класови: „И други одделенија кај нас сами ја воведоа мерката“, вели Темпел.

За психологот Сари, забраната е само прв чекор. Потребен е постојан разговор со младите за нивните чувства и навики. „Во одредена возраст сѐ станува прашање на сопствена мотивација и саморегулација“, објаснува тој.

Сари предупредува дека и многу родители имаат нездрав однос со технологијата: „Имаме зависни деца со зависни родители. Децата ми велат дека нивните татковци за време на вечерата воопшто не се присутни — само гледаат во телефонот“.

Тој бара искрена општествена дебата за тоа како сите да живееме поздраво во дигиталниот свет.

━ повеќе содржини

„Емирати“ најавија враќање на ЛЕТОВИТЕ ОД И ДО ДУБАИ ОД УТРЕ

Поради повеќекратни регионални затворања на воздушниот простор, „Емирати“ привремено ги суспендираше сите операции до и од Дубаи, до 15:00 часот по Обединетите Арапски Емирати...

Општина Штип обезбеди средства за бесплатна психолошка поддршка на лицата заболени од канцер

Лицата кои се заболени од канцер од март ќе имаат бесплатна психолошка поддршка, најави на денешната прес-конференција Снежана Санева раководител на Секторот за јавни...

ФК Брегалница со јавна благодарност до своите фанови и навивачка група

Се чини дека на фудбалски план во Штип полека, но сигурно коцките се сложуваат и се си доаѓа на место. Се консолидираат односите помеѓу...

ОК Младост УГД со максимална победа во дербито на колото, им го нанесе првиот пораз на Наковски Волеј

Одбојкарките на ОК Младост УГД ставија крај на импресивната победничка серија на ОК Наковски волеј, откако попладнево во Штип славеа со максимални 3:0 (25:22,...

Поскапува дизелот!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши...
spot_img