6.3 C
Shtip
spot_img

“Биди хуман како Тоше” – голема крводарителска акција во склоп на концертот за Тоше во Штип

На 21.08.2025 (четврток) во период од 10:00 до 16:00 во Домот на млади во Штип ќе се реализира голема крводарителска акција. Организаторите на концертот, веќе традиционално, во соработка со центарот за трансфузиологија во Штип ќе реализираат крводарителска акција под мотото “Биди хуман како Тоше”, со цел да се продолжи хуманата мисија која ја имаше нашата поп икона Тоше Проески.

На акцијата, секој крводарител ќе добие пакет производи од пријателите на концертот и гратис влезница за концертот во чест на Тоше.

Напоменуваме дека концертот ќе се одржи исто на 21.08 во Домот на млади во Штип со почеток од 20:00 часот.

━ повеќе содржини

Извидници со донаторска акција го обновуваат извидничкиот дом во Штип

Извидници на одредот „Еквинокс“ започнаа донаторска акција со цел да го реновираат извидничкиот дом во Дом на млади, Штип, за кој, како што велат, со години...

Меси не е сигурен дали ќе игра на Светското првенство

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси изјави дека можеби ќе го пропушти Светското првенство следното лето, односно дека можеби ќе го гледа турнирот од трибините, наместо...

29 фудбалери приведени во Турција за местење натпревари

Турските власти, во петокот наредија апсење на 46 лица, вклучувајќи 29 фудбалери, како дел од широка истрага за местење натпревари, објави обвинителството во Истанбул. Меѓу...

Binance доаѓа во Македонија: На 11 декември голем Community Meetup настан за крипто-ентузијастите

Binance, водечката светска берза за размена на криптовалути, организира Community Meetup настан, кој ќе се одржи на 11 декември 2025 година во 17 часот...

Од 1 јануари помали трошоци за пренос и дистрибуција на струја

Од 1 јануари 2026 година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за 3,64% , надоместокот за користење на преносниот систем...
spot_img