13 C
Shtip
spot_img

Фифти Сент „исплашен“ од Диди

Поранешната асистентка и соработничка на Диди – Каприкорн Кларк, инаку и поранешна директорка на неговата компанија „Бед бој ентертејнмент“ (Bad Boy Entertainment), сведочеше на неговото судење. Меѓу другото, таа спомна дека тој во една прилика зборувал и за своето огнено оружје.

Американскиот рапер Шон Комбс (55), попознат како Диди, говорел за тоа по настан на „Ем-ти-ви“ (MTV) на којшто присуствувал и неговиот рап-соперник Фифти Сент (49). Кларк, според нејзината изјава – во тој миг, со Диди и неговиот поранешен менаџер биле во лифт, кога Диди раскажувал за пиштолот и своите „проблеми“ со популарниот Фифти.

„Навистина не сакам да пукам. Не го правам тоа, а сакам пиштоли“, наводно рекол Диди со многу сериозен тон.

Фифти (со вистинско име Кертис Џексон) „будно“ го следи судењето и не му требаше долго време за да возврати во свој стил. Раперот саркастично реагираше на „Инстаграм“ – со слика со својот лик, направена од вештачка интелигенција, на којашто во одело стои пред камера.

„Сечи, сечи. Чекај малку – ‘Пафи’ има пиштол? Ма, не ми се верува. Не се чувствувам безбедно ‘ЛОЛ’,“ напиша Џексон.

Во друга објава, тој покрај друга ВИ-слика од себеси, со исплашено лице, порачува: „О, Боже мој, малиот Диди сака да умрам. Мора да бидам тивок. Мислам дека ќе се кријам на плејоф-натпреварот вечер“.

Фифти Сент и Диди никогаш не биле блиски, иако и двајцата се важни личности во светот на хип-хопот во САД. Фифти честопати го провоцира со својата зајадливост, а меѓу другото, неодамна тврдеше и дека Диди околу себе „имал убави жени за да ја скрие својата хомосексуалност“, наводно. Говореше и за неговите секс-забави коишто му биле „туѓи“ на Џексон.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница на чекор од прва лига – против Шкендија бод вреден како победа!

На одиграниот дуел помеѓу екипите на Брегалница и Шкендија од Арачиново, вчера во Штип актерите ги поделија бодовите. Мечот заврши 1:1, а изобилуваше со...

Вдовицата на Коби Брајант е во тајна врска со негов колега?!

Ванеса Брајант повторно се најде во центарот на вниманието на светските медиуми и социјалните мрежи, откако интернетот беше преплавен со шпекулации за нејзина наводна...

Нови ограничувања на брзината на возење кон Халкидики ги чека туристите ова лето

Туристите што патуваат кон Халкидики оваа сезона треба да бидат повнимателни зад волан. На делницата од Солун кон Неа Мудања ограничувањето на брзината е...

Утре почнува Евровизија: скандали, бојкоти и фаворит што веќе сите го гледаат како победник

Евровизија повторно почнува — и како и секоја година, музиката е само половина од приказната. Утре, 12 мај 2026, во Виена стартува првото полуфинале на...

СО КАМЕРИ И АЛАРМИ ЌЕ СЕ ШТИТАТ ОД ВАНДАЛИ УЧИЛИШТАТА ВО ШТИП: Градоначалникот Јорданов најави 190 безбедносни камери низ градот

По вандализмот во најголемото Општинско основно училиште (ООУ) „Ванчо Прке“ во Штип, градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска најави дека во сите училишта...
spot_img