15.3 C
Shtip
spot_img

Фифти Сент „исплашен“ од Диди

Поранешната асистентка и соработничка на Диди – Каприкорн Кларк, инаку и поранешна директорка на неговата компанија „Бед бој ентертејнмент“ (Bad Boy Entertainment), сведочеше на неговото судење. Меѓу другото, таа спомна дека тој во една прилика зборувал и за своето огнено оружје.

Американскиот рапер Шон Комбс (55), попознат како Диди, говорел за тоа по настан на „Ем-ти-ви“ (MTV) на којшто присуствувал и неговиот рап-соперник Фифти Сент (49). Кларк, според нејзината изјава – во тој миг, со Диди и неговиот поранешен менаџер биле во лифт, кога Диди раскажувал за пиштолот и своите „проблеми“ со популарниот Фифти.

„Навистина не сакам да пукам. Не го правам тоа, а сакам пиштоли“, наводно рекол Диди со многу сериозен тон.

Фифти (со вистинско име Кертис Џексон) „будно“ го следи судењето и не му требаше долго време за да возврати во свој стил. Раперот саркастично реагираше на „Инстаграм“ – со слика со својот лик, направена од вештачка интелигенција, на којашто во одело стои пред камера.

„Сечи, сечи. Чекај малку – ‘Пафи’ има пиштол? Ма, не ми се верува. Не се чувствувам безбедно ‘ЛОЛ’,“ напиша Џексон.

Во друга објава, тој покрај друга ВИ-слика од себеси, со исплашено лице, порачува: „О, Боже мој, малиот Диди сака да умрам. Мора да бидам тивок. Мислам дека ќе се кријам на плејоф-натпреварот вечер“.

Фифти Сент и Диди никогаш не биле блиски, иако и двајцата се важни личности во светот на хип-хопот во САД. Фифти честопати го провоцира со својата зајадливост, а меѓу другото, неодамна тврдеше и дека Диди околу себе „имал убави жени за да ја скрие својата хомосексуалност“, наводно. Говореше и за неговите секс-забави коишто му биле „туѓи“ на Џексон.

━ повеќе содржини

Претрес во Штип, пронајдена марихуана: Уапсен 23-годишен Турчин

Вчера во 14:50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода...

Царина заплени авокадо, јагоди и киви вредни 1,4 милиони денари

Царински службеници на граничниот премин Богородица спречиле обид за криумчарење на 12,5 тони овошје и зеленчук со вкупна вредност од околу 1,4 милиони денари,...

Денес е Меѓународен ден на Ромите – празник на гордата култура и тешката борба за еднаквост

Ромите се најголемата малцинска заедница во Европа – со 6 милиони што живеат во ЕУ и 4 милиони во регионот на проширување (Црна Гора,...

Грција воведува забрана за социјални медиуми за деца под 15 години

Грција планира да им забрани на децата под 15 години пристап до социјалните медиуми, а се очекува премиерот Киријакос Мицотакис да ја објави одлуката...

HerFit Progress во Штип работи под полна пареа

Првата женска теретана кај нас работи под полна пареа. Многу млади, но и повозрасни девојки од Штип активно вежбаат и се спремаат за лето.
spot_img