12.8 C
Shtip
spot_img

Сребро за Душица Бреслиева на силниот Г1 турнир во Скопје

Македонската таеквондо надеж, штипјанката Душица Бреслиева имаше одличен настап на силниот меѓународен турнир Skopje Ramus Open G1, E1, каде што во конкуренција на најдобрите јуниорки до 55 килограми го освои сребрениот медал.

Бреслиева, која настапува за Таеквондо клуб Штип под водство на Сашко Арсовски и Жарко Арсовски, прикажа доминантни борби на патот до финалето, остварувајќи значајни победи над репрезентативки на Бугарија и Грција, со што уште еднаш го потврди својот голем потенцијал и континуиран напредок на меѓународната сцена.

Во финалната пресметка, Бреслиева водеше израмнета и квалитетна борба против натпреварувачка од Хрватска, но по три неизвесни рунди загуби со минимални 2:1, освојувајќи го заслуженото второ место.

Одлични настапи имаа и македонските борци Паола Арсовска и Антонио Арсовски, кои стигнаа до четвртфиналето. И покрај минималните порази, двајцата оставија силен впечаток и покажаа дека македонското таеквондо има светла иднина.

Настапите на турнирот во Скопје се уште една потврда за растот и квалитетот на македонските натпреварувачи, кои се сè поконкурентни на меѓународната сцена.

Големи заслуги за тоа има и Македонската Таеквондо Федерација, која со континуирана поддршка и посветена работа создава услови за развој на младите таленти.

Бреслиева со среброто во Скопје уште еднаш покажа дека е име на кое сериозно ќе се смета во иднина – и дека македонското таеквондо има своја олимписка приказна.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img