23.2 C
Shtip
spot_img

Туристите „полудеа“ по оваа рајска дестинација: Цените се неверојатни – ноќевање 15 евра, оброк 1,5 евро

Поради тоа што цените во популарните европски летувалишта вртоглаво растат, сѐ повеќе туристи од регионот се одлучуваат за некое подалечно патување, а еднакво атрактивно.

Меѓу нив во последните години се издвојува Мароко – земјата која ги спојува егзотиката, богатата култура и пристапните цени.

Во споредба со европските крајбрежја, каде просечниот летен одмор е сериозен финансиски потфат, Мароко нуди луксуз по пристапни цени.

За оние кои сакаат нешто поразлично, песочни плажи на Атлантикот, арапска култура, пустински пејзажи и феноменална кујна, оваа земја на северот од Африка станува неодолива алтернатива.

Што нуди Мароко?

Атлантското крајбрежје е идеално за сончање, сурфање и релаксација, додека пак тамошните градови се хит меѓу младите, дигиталните номади и авантуристи. Љубителите на планините се одлучуваат да се искачат на Тубкал, највисокиот врв во северна Африка, додека пак легендарниот „син град“ Шефшауен е вистински магнет за туристите.

Колку навистина чини летување во Мароко?

Искуството од патниците од Балканот покажува дека сместување со појадок и приватен тоалет може да се најде и за 10-15 евра од ноќ.

Хрватка платила луксузен апартман во Есауири, 600 евра за седум ноќи, а во Хрватска за истите пари одвај би платила за три ноќевања.

Храната? Вечера во локалните ресторани за 2-4 евра. Свеж сок од морков или уличен оброк за 1,5. Слатки и чај за помалку од 2 евра.

Туристите го фалат тоа што во помалите ресторани не прават разлика меѓу локалните жители и странците, сите плаќаат исто, а порциите се навистина обилни.

Совети за патниците:

– Купете си СИМ картичка во градот (не на аеродромот) – 2 евра за 2GB интернет;
– Резервирајте сместување на 7-10 дена однапред за подобра цена;
– Избегнувајте хотели покрај аеродром, центарот нуди подобра атмосфера и пониски цени;
– Уличната храна е безбедна и автентична, но и многу пристапна.

━ повеќе содржини

Збогум на тоалетната хартија! Новиот тренд „вошлети“ станува хит во светот

Заборавете на обичната тоалетна хартија, бидејќи сè повеќе земји во Европа се свртуваат кон решение кое е стандардно во Јапонија со години. Зборуваме за...

Денес почна исплатата на исплатата на правата од социјална и детска заштита за јули

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2025...

Обвинителството отвори истрага за скандирањата за „Голема Албанија“ и „Илирида“ на натпреварот Шкендија – Карабах

По синоќешниот фудбалски натпревар меѓу Шкендија и Карабах, одржан на арената „Тодор Проески“ во Скопје, Основното јавно обвинителство отвори истражна постапка поради скандирања со...

80 години од атомската бомба кај Хирошима

Темниот звук на ѕвоното во меморијалниот центар во Хирошима го потсети светот на најцрните сенки во историјата на човештвото. Одбележани 80 години откако „малото...

Историски ден за македонскиот фудбал: Конечно пристигна ВАР

За првпат во историјата на македонскиот фудбал, од новата сезона ќе почне да се применува ВАР системот во Првата македонска фудбалска лига. На свеченост во...
spot_img