Тригодишно дете од Штип е хоспитализирано поради сомнително труење, информираат од СВР-Штип. Детето е примено во Клиничка болница-Штип на Педијатриското одделение, а по извршените испитувања е утврдено присуство на „бензодиезепами“.
Според соопштението од полицијата, вчера во 18:18 часот е пријавено дека 24-годишната Н. С. од Штип го донела детето во болницата во 11:47 часот. Детето е задржано на опсервација и се следи неговата здравствена состојба.
Случајот е пријавен и до Центарот за социјални работи-Штип, а се преземаат мерки за целосно расчистување на инцидентот. објави Скопје1.мк







