9.9 C
Shtip
spot_img

Српските студенти на велосипеди пристигнаа во Стразбур!

Акцијата наречена „Тур де Стразбур“ е организирана со цел директно да им се пренесе на европските институции загриженоста за состојбата со човековите права и недостатокот на реакција од надлежните органи во Србија по трагичните настани од ноември минатата година.

Студентите тргнаа на 3 април од Нови Сад, а рутата ги однесе преку Суботица, Будимпешта, Братислава, Виена, Линц, Минхен, Аугсбург, Улм и Штутгарт, со емотивен пречек од српската дијаспора и поддршка од граѓаните во секој град.

Тие пристигнаа во Стразбур пред планираниот рок, каде беа пречекани од мноштво граѓани, претставници на српската заедница од Франција, како и поддржувачи од други европски земји.

Повод за оваа акција беше трагедијата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, кога поради уривање на настрешницата загинаа 16 млади лица. Настанот предизвика бран протести и блокади на повеќе од 60 факултети во Србија, при што студентите истакнаа четири клучни барања, вклучително и утврдување одговорност за трагедијата и разоткривање на корупцијата во јавните работи.

Целта на велосипедската тура беше да се достават извештаи и писма до институциите на Советот на Европа и Европската унија, вклучително и Парламентарното собрание на Советот на Европа, Комесарот за човекови права, Европскиот парламент и Европската комисија, со цел да се алармира меѓународната заедница за, како што тврдат, сериозни прекршувања на човековите и уставните права во Србија.

Студентите порачаа дека со овој потфат сакаат да покажат истрајност и посветеност во борбата за поправедно општество и дека ниту далечината ниту пречките нема да им го стиши гласот. „Сакаме нашиот глас да се слушне низ целиот свет и да покажеме единство во залагањето за нашите права“, нагласија организаторите.

Оваа акција привлече големо внимание кај европската јавност и медиуми, а српската дијаспора во Виена ги пречека студентите „како олимписки шампиони“. Во Стразбур во тек се последните подготовки за нивниот официјален прием во европските институции, каде што ќе ги достават своите извештаи и барања.

━ повеќе содржини

Карлеуша брутална: “Јас сум сега ‘српска мајка’, Цеца може да биде чевличка”

Популарната пејачка Јелена Карлеуша денес се појави на белградскиот аеродром и пред медиумите ги изнесе своите контроверзни ставови за различни теми, меѓу кои и...

Чарна Невзати, мис на Македонија: Не знам зошто велат дека мажите се плашат од мене”

Чарна Невзати, 20-годишната студентка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје која во мај ја претставуваше Македонија на Мис на светот во Индија, вели...

Цинкот е еден од најважните минерали за организмот! Во кои намирници го има најмногу?

Нашето тело секојдневно се потпира на минерали и витамини за да функционира правилно, а цинкот се издвојува како еден од петте најважни хранливи елементи,...

Денес е светски ден за борба против сидата! Кои се статистичките податоци за ХИВ вирусот во Македонија?

38 нови случаи на ХИВ/СИДА во 2025, регистрирани 8 смртни случаи Заклучно со 27 ноември 2025 година, во Македонија се пријавени 38 новорегистрирани лица со...

Др. Сашко Кедев: “Гладувањето го прочистува телото и умот”

Интервентниот кардиолог д-р Сашко Кедев истакнува дека гладувањето е исклучително корисен начин на живот, бидејќи делува антиинфламаторно и го прочистува телото и умот. Според него,...
spot_img