34.1 C
Shtip
spot_img

Спортски Штип се сеќава – пред точно 61 година се случи трагедијата со автобусот на ФК Брегалница

На денешен ден, 2 јули, пред точно 61 година, фудбалската експедиција на Брегалница Штип доживеа една од најголемите трагедии во својата историја – настан кој засекогаш ќе остане врежан во сеќавањата на штипската и македонската спортска јавност.

Во 1964 година, Брегалница беше во налет – тимот од Штип сонуваше за историски пласман во тогашната Втора југословенска лига, и по победата од 1:0 во првиот квалификациски натпревар против Титоград (денешна Подгорица), надежта беше голема. Стрелец на победничкиот гол во Штип беше Иштван Гордош.

Но, патот кон реваншот во Црна Гора, наместо славен, се претвори во трагедија.

На 2 јули, автобусот на ПИМ „Македонка“ кој ја превезуваше фудбалската експедиција на Брегалница, пропадна во бездна, по силен тресок што го прекина веселото расположение меѓу играчите. Многу фудбалери беа тешко повредени, а еден од нив, Никола Караколев, подоцна им подлегна на повредите. Оваа несреќа претставува најтажниот момент во историјата на клубот.

Без оглед на трагедијата, Брегалница го одигра и реваншот – загуби минимално со 1:0, но исходот беше во втор план.

Денес, 2 јули, ја одбележуваме оваа црна годишнина со голема почит кон играчите, стручниот штаб и сите членови на Брегалница кои беа дел од таа кобна експедиција. Особена почит за Никола Караколев, кој го загуби животот.

━ повеќе содржини

Студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип темелно ќе се реновира!

Студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип темелно ќе се реновира, а реновиерањето ќе трае речиси две години, изјави директорката Гордана Барбашка. Деновиве треба да ја...

Нови законски одредби на Халкидики, бидете внимателни!

На полуостровот Халкидики во Грција, денеска стапи на сила строга забрана за сообраќај и движење на пешаци во одредени шумски подрачја. Главна причина за...

Драстичен пад на цената на горивото – Бензинот поефтин за 4, а нафтата за 8 денари!

Конечно се намалуваат цените на горивата – РКЕ објави дека цените на бензините се намалуваат по 4 денари а дизелот поевтинува 8 денари. Во согласност...

Пронајдени марихуана и кокаин во Штип, лишени од слобода три лица, поднесена кривична пријава

По претходно добиени сознанија и преземени мерки, на 08.08.2026 околу 22:00 часот на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога...

Официјално: Марјан Србиноски е нов тренер на КК Соколи 1933!

На денешната прес-конференција на клубот, КК Соколи 1933 го промовираше новиот тренер, искусниот Марјан Србиноски. Популарниот "Марче" носи огромно искуство и кошаркарско знаење во...
spot_img