22.5 C
Shtip
spot_img

Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%!

Намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата и ослободување на количини мазут од државните резерви, се двете мерки со кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го спречи зголемувањето на цените на производите и на електричната енергија.
Една од клучните мерки е намалувањето на ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, со што директно се влијае на стабилизирање на цените.
Со оваа мерка се очекува цената на бензините да остане речиси непроменета, додека дизелот да поскапи за околу 3 до 3,5 денари по литар, наместо за повеќе од 10 денари. И покрај зголемувањето Македонија има убедливо најниски цени во регионот на горивата.
Овие мерки носат конкретни заштеди за граѓаните, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден, или некаде околу милион и пол илјади евра седмично, земајќи ја предвид просечната потрошувачка на гориво. Со оглед на тоа дека просечната потрошувачка е некаде околу милион и шестотини илјади литри од коишто милион и двеста литри се дизел гориво, отприлика 75% а останатите четиристотини илјади литри се бензин 95 и 98 октански.
Намалувањето на даноците значи веднаш пониски цени на горивата. Тоа е најбрзиот начин да се ублажи ударот и да се спречи ширење на поскапувањата низ целата економија и да се заштеди паричникот на граѓаните.
Електроенергетскиот систем во државата функционира стабилно со активни производствени капацитети. Во функција се блоковите 1 и 3 во РЕК Битола, додека на депониите има околу 80.000 тони јаглен во Битола и дополнителни 160.000 тони во Кичево. Акумулациите во хидросистемот се на околу 40 проценти исполнетост, што, би било доволно за производство на електрична енергија за околу еден месец и во услови ако останатите извори запрат.
Бидејќи предизвик е цената на мазутот, се размислува веќе на следната седница да се донесе одлука за интервенција со околу 2.000 тони мазут од државните резерви, со цел да се намалат трошоците на ЕСМ и да се спречи евентуално поскапување на електричната енергија.
Со овие мерки се прекинува синџирот на поскапување. Превентивно се делува за да се спречат економските притисоци и се штитат цените на храната, транспортот и услугите, стои во денешното соопштение на ВМРО ДПМНЕ.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img