24.3 C
Shtip
spot_img

„Органодарителство во Македонија“- јавна трибина за студентите по медицина во Штип

Медицинската студентска организација СОМА организира јавна панел-дискусија насловена „Органодарителство во Македонија“ во соработка со органодарителство.мк. Јавната трибина ќе се одржи на 27.3.2026 (петок) во просториите на Мултимедијален центар на Економски Факултет при Универзитет „Гоце Делчев“-Штип со почеток од 17:00 часот.

На настанот се предвидени 20 панелисти, меѓу кои врвни експерти и доктори засегнати со соодветната област, претставници на МПЦ и ИВЗ, но и лица кои биле донори или приматели на орган со своето лично искуство.

Според претседателот на СОМА, Михајло Мирасчиев, предавачите се внимателно одбрани соодветно на нивната експертиза и вклученост во процесите на трансплантација и органодарителство.

Целта на организаторите за овој настан е да се вклопи медицинскиот аспект, но и етичкиот,правниот, како и личното искуство на луѓе кои веќе го поминале овој процес. Студентите ќе имаат можност од прва рака да слушнат за процесот на органодарителство и за предизвиците со кои се соочуваат професионалците кои работат во оваа област.

Органодарителството треба да биде потранспарентна тема во јавноста

„Учеството на студентите по медицина во вакви дискусии е од исклучителна важност бидејќи органодарителството не е само медицинска, туку и етичка, правна и хумана тема. Преку ваквите настани, студентите добиваат поширока перспектива, не само за клиничките аспекти, туку и за комуникацијата со пациенти и семејства во чувствителни моменти. Ова знаење е клучно за градењеto на идни здравствени професионалци кои ќе пристапуваат со емпатија, сигурност и професионализам.

Ние претставуваме мост помеѓу медицинската наука и човечката страна на одлуката за донирање органи. Правилната едукација ќе ни овозможи да пристапиме со чувствителност, да ги разјасниме дилемите и да придонесеме кон донесување информирани одлуки. Kако идни лекари ќе имаме значајна улога во процесот на информирање, советување и поддршка на пациентите и нивните семејства.“, вели Михајло.

Иако студентите по медицина се запознаени со процесот на трансплантација и органодарителство во теорија која се изучува во рамки на одредени наставни предмети, сепак недоставува практичниот, комуникацискиот и етичкиот аспект. Според СОМА, оваа трибина  ќе понуди простор за дискусија, анализа на реални случаи и поинаков аспект за надополнување на формалната едукација.

Покрај студентите на медицина,право на учество може да има секој граѓанин кој е заинтересиран за оваа тема, сака да го надополни своето знаење или пак самиот е во дилема дали да биде органодарител.

Сите заинтересирани може да присуствуваат на оваа јавна панел-дискусија со пријава на линкот.

„Мојата цел, како претседател, но мислам дека и на сите вклучени во организацијата ќе биде постигната доколку само еден од присутните на дискусијата реши дека својата хуманост и возвишеност ќе ја покаже преку пристапување на самиот чин, органодарителство!“, вели Михајло.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img