7.2 C
Shtip
spot_img

Ромската фондација за Европа со донација од 10.000 евра за семејствата на настраданите во Кочани

Ромската фондација за Европа изрази сочувство за жртвите во пожарот во Кочани и соопшти дека донела одлука да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на младите кои трагично ги загубија животите во несреќата.

– Најдлабоко сочувство поради трагичната загуба на 59 млади животи во Кочани, Северна Македонија. Овие млади луѓе не беа само сакани деца, браќа, сестри и пријатели – тие беа иднината на оваа земја. Нашите мисли се со семејствата, заедниците и сите погодени од оваа незамислива загуба, соопшти Фондацијата.

Нејзиниот претседател Жељко Јовановиќ ја посетил Амбасадата на Македонија во Брисел за да изрази солидарност и сочувство. Тој се потпишал во книгата на жалост и го информирал амбасадорот на Северна Македонија во Европската Унија, Зулфи Исмаили, за одлуката на Фондацијата да донира 10.000 евра како поддршка за семејствата на жртвите.

– Оваа трагедија не е само огромна лична загуба, туку и болен потсетник на системските пропусти. Не смееше да се случи – и не смееме да дозволиме повторно да се случи. Потребно е да се зајакнат структурните мерки за заштита на луѓето, особено на младите, од вакви несреќи кои можат да се спречат. Нека споменот на оние што ги загубивме биде повик за акција: за поодговорно општество, за поголема безбедност и за иднина во која вакви трагедии повеќе нема да се случуваат, истакнал Јовановиќ.

Фондацијата во соопштението наведува дека Европскиот институт за ромска уметност и култура, Фондот за образование на Ромите, Иницијативата за развој на ромското претприемништво и Роми за демократија се придружуваат на Фондацијата Роми за Европа во изразувањето поддршка за жртвите од оваа трагедија.

━ повеќе содржини

Денес стартува Ф4 во Купот. ОК Штип УГД ја брани титулата од претходните две сезони

Денес, со почеток од 17:30 часот, екипата на одбојкарскиот клуб Штип УГД го започнува походот кон одбрана на куп-титулата во националниот одбојкарски куп. Во...

Боксерската лига започнува во недела од Штип

Во недела (29 март) Штип ќе биде домаќин на првото коло од Првата македонска боксерска лига кое ќе се одржи во спортската сала на...

Познатиот гинеколог Д-р Владимир Трајковски гостува на кафе-средба во Штип!

Во сабота (28.03.2026) со почеток од 13:00 часот во просториите на Мултимедијалниот центар Канал 77 во Штип ќе се одржи кафе-средба со Д-р Владимир...

Од стручен агол: Прогноза за почетните 11-мина вечерва против Данска

Фудбалската репрезентација на Македонија е на два чекори од Светско првенство. Сонот за пласман на Мундијал е блиску до реализација, но ќе стане вистина...

Необично истражување: Ајкулите на Бахамите се позитивни на кокаин и кофеин

Ново научно истражување открива дека кај ајкулите во водите околу Бахамите за првпат се пронајдени траги од кокаин, кофеин и аналгетици во крвта. Ова...
spot_img