28.3 C
Shtip
spot_img

Просечна нето плата во март: 44.763 денари

Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2025 година изнесува 44 763 денари, што претставува пораст од 10,5 % во споредба со истиот месец претходната година.

Според ДЗС, ова покачување првенствено се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во следните области: Образование за 15,8 %, Рударство и вадење на камен за 14,1 % и Административни и помошни услужни дејности за 12,5 %.

Забележано е и зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец, и тоа во секторите: Рударство и вадење на камен за 12,3 %, Уметност, забава и рекреација за 6,8 % и Преработувачка индустрија за 6,4 %.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2025 година изнесува 67 240 денари.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img