6.2 C
Shtip
spot_img

Штипски гении со бронза на Менделеевата олимпијада во Бразил – Македонија меѓу најдобрите во светот!

Тројца млади штипјани, ученици од СОУ „Славчо Стојменски“ – Марио Ванчоски, Иван Костевски и Даниел Христов, блеснаа на светската Менделеевa олимпијада по хемија, која годинава се одржа во Бразил. Во конкуренција од 192 учесници од 39 земји, тие постигнаа извонреден успех, освојувајќи два бронзени медали и на најубав можен начин ја претставија Македонија.

Посебно се истакна Марио Ванчоски, кој освои еден од бронзените медали и уште еднаш го потврди Штип како центар на знаење и младински талент. Овие ученици се дел од македонскиот тим и стипендисти на Општина Штип, што дополнително сведочи за значењето на локалната поддршка за млади талентирани ученици.

„Им честитав лично на овие млади гении за нивниот успех. Тие се доказ дека трудот, знаењето и посветеноста се исплатат. Ваквите успеси се инспирација за сите млади во нашата држава“, истакна градоначалникот на Штип.

Општина Штип најави дека ќе продолжи со стипендирање и поддршка на ученици кои со својот труд и знаење го претставуваат градот и државата на највисоко ниво.

Со овој подвиг, Штип уште еднаш се запиша на светската научна мапа – како град каде растат идни научници со светла иднина.

━ повеќе содржини

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...

Авио-спектакл во Штип!

Небото над Штип повторно ќе биде место на авијациска возбуда, пилотска прецизност и прекрасно дружење! Во организација на RIMIN AIR, на Спортскиот аеродром Штип...
spot_img