25.4 C
Shtip
spot_img

Пронајдени марихуана и кокаин во Штип, лишени од слобода три лица, поднесена кривична пријава

По претходно добиени сознанија и преземени мерки, на 08.08.2026 околу 22:00 часот на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги затекнаа лицата М.Б. и М.Џ.У.(24) од Турција, со привремен престој во Штип, при продажба на марихуана на Ф.Р.(23) од Штип.

Притоа, од слобода е лишен Ф.Р. и кај него е пронајдена марихана. Додека, М.Б. и М.Џ.У. побегнале, но набргу М.Џ.У. е фатен и лишен од слобода и кај него се пронајдени марихуана и нож.

За настанот биле запознаени јавен обвинител и судија на претходна постапка, по што полициски службеници отишле во домот на М.Б., каде што ја затекнале А.Б.(21) од Турција, исто така, со привремен престој во Штип. Од извршениот преглед во станот биле пронајдени и одземени неколку ќеси и повеќе пакувања со марихуана и бела прашкаста материја и дигитална вага.

М.Џ.У., А.Б. и Ф.Р. се задржани во полициска станица и на 09.08.2026, со судска наредба, бил извршен претрес во домот во кој престојува А.Б. во Штип, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, пари во различни валути и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Во врска со настанот поднесена е кривична пријава, а на лицата М.Џ.У. и А.Б. им е одредена мерка притвор.

━ повеќе содржини

Штипјанката Билјана Донева го освои Grossglockner – искачи 3.798 метри на највисокиот врв во Австрија

Штипјанката Билјана Донева запиша уште едно значајно планинарско достигнување, успешно искачувајќи го Grossglockner, највисокиот врв во Австрија, висок импресивни 3.798 метри.Донева до врвот стигна...

Света Петка ѝ се јавила во сон – приказната за светата вода кај штипското село Аргулица

Во близина на штипското село Аргулица, во атарот на Општина Карбинци, стои светото место посветено на Света Петка Параскева. Манастирската црква „Св. Петка“ и...

Штипјанец ја прави најдобрата ракија во светот: Ракијата „Бараба“ е прогласена за најдобра во светот на меѓународен натпревар во Лондон!

Ракијата Бараба е прогласена за најдобрата ракија во светот на меѓународен натпревар во Лондон, а технологот кој ја произведува е Александар Рунчев од Штип. IWSC...

Полицијата во Штип приведе 29-годишна жена со марихуана

На 05.09.2026 во 22:45 часот на ул. „Тодор Чучков“ во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР...

Лигата на шампионите доаѓа во Штип!

Одбојкарскиот клуб Штип УГД, кој за прв пат лани ја освои двојната круна во првенството и купот, годинава премиерно ќе настапува во одбојкарската Лига...
spot_img