31.5 C
Shtip
spot_img

Официјално: Марјан Србиноски е нов тренер на КК Соколи 1933!

На денешната прес-конференција на клубот, КК Соколи 1933 го промовираше новиот тренер, искусниот Марјан Србиноски. Популарниот “Марче” носи огромно искуство и кошаркарско знаење во Штип. Тој претходно беше тренер на Работнички во неколку наврати, Торус, Гостивар, Кожуф и Куманово, а беше и асистент и главен селектор во националниот тим.

Со самиот ангажман на Србиноски, КК Соколи 1933 ги презентира и своите амбиции во сезоната која претстои. Најпрво, се очекува КФМ да ја прифати апликацијата за настап на клубот во најсилната Супер кошаркарска лига, а потоа да пристигнат и засилувањата. На прес-конференцијата говореа градоначалникот на О.Штип Иван Јорданов, претседателот на клубот Љубе Здравков и новиот тренер Марјан Србиноски. Најавени се неколку засилувања од домашната кошарка. но и 3-ца интернационалци.

Новата сезона, кошаркарски дом на КК Соколи 1933 ќе биде новоизградената спортска сала Џексон.

━ повеќе содржини

На 12.август – редок небески настан на небото!

Претстојното затемнување на сонцето за два дена ќе потопи делови од западна и северна Европа во темнина. Целосно затемнување на сонцето ќе се случи...

Топлотниот бран не попушта веќе втора недела – ИЈЗ со ново предупредување

Повозрасните граѓани се меѓу најризичните категории кога станува збор за високите температури и топлотните бранови, предупредува Институтот за јавно здравје. Лицата над 65 години...

Нова катна гаража кај зградата „Промаја“

Штип доби уште една катна гаража во централното градско подрачје. Изграден е објектот кај зградата „Промаја“, кој е на три нивоа и има капацитет...

Штип сака фудбал! Радоста за саботната победа на ФК Брегалница сеуште не стивнува

Во рамките од второто ПМФЛ коло од новиот шампионат, во саботата во Штип, во вечерен термин како што доликува домашната Брегалница успеа да слави...

Лекот “Фостер” повторно достапен во аптеките ширум земјата!

И другите лекови што ги содржат истите активни компоненти и се користат во третманот на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ) може да се земат...
spot_img