20.9 C
Shtip
spot_img

Продажбата падна и дома во странство: Штипскиот Макпромет со добивка од 1,9 милиони денари

„Чунга лунга“ гумите за џвакање, киселото млеко „Кораб“, лебот и свежите печива, разните видови семиња, печатарството… му обезбедиле на Макпромет од Штип позитивен финансиски резултат од 1,906 милиони денари. Тоа е за повеќе од 47 отсто пониско остварување во споредба со истиот лански период, кога биле забележани и поголеми ефекти од деловните активности.

Прометот на домашниот пазар опаднал за 13 отсто на годишно ниво, а на странските пазари за 5,25 отсто. Оттаму, вкупните приходи од продажбата се намалени за 8,31 отсто.

Неревидираните консолидирани финансиски извештаи покажуваат дека Групацијата има приходна реализација од 138,043 милиони денари. Поголемиот дел од нив – 86,776 милиони денари доаѓаат од извозниот сегмент, а од домашно потекло е износот од 51,267 милиони денари. Извозот учествува со 63 отсто во оперативните приходи.

Од друга страна, оперативните расходи достигнале 136,137 милиони денари. Најголем трошок за компанијата се суровините, материјалите и електричната енергија, за кои во првите шест месеци се потрошени 68,520 милиони денари. Значајна ставка се и платите и другите надоместоци за вработените, кои изнесувале 43,136 милиони денари.

Компанијата потрошила уште 11,952 милиони денари за услуги со карактер на материјални трошоци, 10,030 милиони денари за останати оперативни трошоци, додека набавната вредност на трговската стока изнесувала 2,499 милиони денари.

Макпромет во својата групација обединува компании од повеќе индустрии, меѓу кои пекарницата со брендот Мој леб, кондиторската компанија Европа, тетовската млекарница Кораб, печатарските компании Илинден 2002 и Делпак, Макмонтинг, Семенарство, како и компании и имот од индустрискиот сектор.

Според плановите на менаџментот, истражувањето на пазарот, поголемата продажба и поефикасното работење треба да создадат услови за уште подобар финансиски резултат во продолжението на годината.

━ повеќе содржини

Штипјанката Билјана Донева го освои Grossglockner – искачи 3.798 метри на највисокиот врв во Австрија

Штипјанката Билјана Донева запиша уште едно значајно планинарско достигнување, успешно искачувајќи го Grossglockner, највисокиот врв во Австрија, висок импресивни 3.798 метри.Донева до врвот стигна...

Света Петка ѝ се јавила во сон – приказната за светата вода кај штипското село Аргулица

Во близина на штипското село Аргулица, во атарот на Општина Карбинци, стои светото место посветено на Света Петка Параскева. Манастирската црква „Св. Петка“ и...

Штипјанец ја прави најдобрата ракија во светот: Ракијата „Бараба“ е прогласена за најдобра во светот на меѓународен натпревар во Лондон!

Ракијата Бараба е прогласена за најдобрата ракија во светот на меѓународен натпревар во Лондон, а технологот кој ја произведува е Александар Рунчев од Штип. IWSC...

Полицијата во Штип приведе 29-годишна жена со марихуана

На 05.09.2026 во 22:45 часот на ул. „Тодор Чучков“ во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР...

Лигата на шампионите доаѓа во Штип!

Одбојкарскиот клуб Штип УГД, кој за прв пат лани ја освои двојната круна во првенството и купот, годинава премиерно ќе настапува во одбојкарската Лига...
spot_img