Двајцата играчи од средниот ред на ФК Брегалница, Даријан Тасев и Лука Бојаџиев добија повик од селекторот на македонската репрезентација до 20 години Александар Танески за настап на Медитеранските Игри во Таранто, Италија кој започнуваат денес. Инаку, македонската репрезентација до 20 години е во група со Тунис, Мароко и Турција.
Овој повик е само доказ за упорната работа на младите штипски надежи. Од срце им посакуваме успешен настап во дресот со националниот грб.







