15.5 C
Shtip
spot_img

Претседателката Силјановска-Давкова денес предлага гувернер на НБРМ

Седумгодишниот мандат на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска која стапи на функцијата на 22 мај 2018 година, истекува на 21 мај.

„Има неколку кандидати и најважно е да не дојде до тоа да не биде избран кандидат“, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова минатата недела, најавувајќи дека денеска ќе го достави предлог кандидат за наследник на Ангеловска-Бежовска.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно изјави дека за гувернерската позиција се во игра вонсериски искусни кандидати за кои е убеден дека ќе ја одржат макроекономската стабилност.

Еден од условите за поддршка на кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ и од Владата, според Мицкоски, е стриктно бранење на фиксниот курс на денарот.

„Веќе имавме разговори со претседателката на оваа тема, очекувам да ги продолжиме, до крајот на неделата ќе биде јасна позицијата. Очекувам в понеделник да биде информирано Собранието, на 20-ти ќе има седница, разговарав со претседателот на Собранието за дополнување  на дневниот ред на 20, така што рокот ќе биде испочитуван“, рече Мицкоски минатата недела на новинарско прашање.

Функцијата гувернер на централната банка пред Ангеловска Бежовска ја извршуваше Димитар Богов (2011-2018), а претходно Петар Гошев (2004-2011), Љубе Трпески (1997-2004) и Борко Станоевски (1986-1997).

Овластувањата и задачите на гувернерот на НБ се уредени во  член 48 од Законот за Народна банка. Пропишано е дека гувернерот ја претставува Народната банка, одговорен е за извршување на одлуките на Советот на Народната банката и за контролата на управувањето и работењето на Народната банка, врши други работи кои со овој закон не се утврдени во надлежност на Советот на Народната банка и Извршниот одбор. Во рамките на неговите овластувања, гувернерот може да ги преземе сите потребни или соодветни активности при управување и работење на Народната банка, вклучувајќи набавка на стоки и услуги, договорни обврски во име на Народната банка и вработување, како и избор на агенти на Народната банка. Гувернерот може да формира едно или повеќе работни, советодавни и други тела во врска со прашања од негова надлежност и ги дефинира нивните задачи и активности. Во рамките на правилата усвоени од страна на Советот на Народната банка, гувернерот може да пренесе некои од своите овластувања или задачи на други членови на Советот на Народната банка или на лицата со посебни овластувања и одговорности во Народната банка. Гувернерот редовно го известува Советот на Народната банка за работењето на Народната банка и спроведувањето на политиките, за прашањата поврзани со стабилноста на банкарскиот систем и за состојбата на пазарот на пари и девизните пазари, вклучувајќи ги сите настани и состојби што имале или се очекува да имаат значително влијание на работењето на Народната банка, на спроведувањето на нејзините политики, на финансискиот систем или на пазарот на пари и девизниот пазар.

━ повеќе содржини

Рики Мартин има нов дечко!

Една година по разводот од концептуалниот уметник Џван Јосеф, Рики Мартин (53) предизвика возбуда на социјалните мрежи кога првпат се појави фотографија од него...

TikTok има нова алатка што ви овозможува да „оживеете фотографија“

TikTok сега има нова алатка базирана на вештачка интелигенција, наречена AI Alive, која им овозможува на корисниците да претворат фотографии во видеа со помош...

Отворен е Shtip Street Food Festival, денес и утре шеталиштето Ванчо Прке ќе биде епицентарот на храната и забавата

Официјално започна долгоочекуваниот „Shtip Street Food Festival“ на новото шеталиште во Штип. Од 12 часот, сите штандови беа подготвени да понудат богат избор на...

СОНЦЕ, МОРЕ И ЗАШТЕДИ: Топ 5 Најевтини Дестинации за Македонци – Лето 2025

Летото 2025 тропа на врата, а со него и желбата за бегство од секојдневието! Но, што ако ви кажеме дека не мора да потрошите...

ДАЛИ ЗНАЕВТЕ ДЕКА ПОСТОЕШЕ ПРОДОЛЖЕН “СТОЈАДИН“ со шест тркала

Застава 101, популарниот „кец“ или „стојадин“, како што со љубов го нарекувавме, многумина го сметаат за најдобриот автомобил произведен во СФРЈ. Ако не е најдобар,...
spot_img