6.7 C
Shtip
spot_img

Пијте многу вода, не излегувајте од 11 до 17 часот, носете лесна облека!

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од високите температури, бидејќи, според најавите, топлотниот бран ќе трае најмалку до 7 август.

Од ИЈЗ предупредуваат дека најголем ризик од изложеност на топлина има во периодот од 11 до 17 часот, кога се препорачува да се избегнува престој на директно сонце и физичка активност на отворено.

Институтот посочува дека високите температури можат да предизвикаат слабост, вртоглавица, гадење, прекумерно потење, грчеви и сува уста, а во потешки случаи може да дојде до престанок на потење, конфузија, забрзана работа на срцето, отежнато дишење, губење на свеста и животозагрозувачка состојба.

Најризични категории се лицата постари од 60 години, децата, бремените жени, лицата со хронични заболувања, работниците кои работат на отворено и социјално ранливите категории.

ИЈЗ препорачува носење лесна и светла облека, капа и очила за сонце, престој во климатизирани простории, редовно внесување вода и лесна храна, како и избегнување алкохол, кофеин и многу ладни пијалаци. Домовите треба да се проветруваат во вечерните часови, а преку ден да се држат затворени прозорците и ролетните.

Институтот потсетува и дека никогаш не треба да се оставаат луѓе или деца во затворено паркирано возило, бидејќи температурата во него за кратко време може опасно да се зголеми.

Доколку некое лице почувствува силна слабост, вртоглавица, интензивна жед или главоболка, треба веднаш да се премести на поладно место, да внесе течности и да ја измери телесната температура. Ако лицето има топла и сува кожа, грчеви или е во бессознание, потребно е веднаш да се повика Итната медицинска помош на 194 или 112, а до пристигнувањето на екипата да се започне со разладување на телото и лицето да се постави во соодветна положба.

Од ИЈЗ апелираат граѓаните внимателно да ги следат препораките и при појава на невообичаени симптоми веднаш да се консултираат со својот матичен лекар.

━ повеќе содржини

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...

Авио-спектакл во Штип!

Небото над Штип повторно ќе биде место на авијациска возбуда, пилотска прецизност и прекрасно дружење! Во организација на RIMIN AIR, на Спортскиот аеродром Штип...
spot_img