Денес, Општина Штип ќе спроведе втора ларвицидна дезинсекција на својата територија! Третирањето ќе се изврши в периодот од 09:30 до 13:30 часот,а ќе бидат опфатени застојни води во урбаните населби, со цел уништување на ларвите на комарците. Акцијата е дел од редовната заштита на населението од комарци и болести, а доколку времето е неповолно – дезинсекцијата ќе се одложи за првиот поволен ден.
,,Ве информираме дека на ден 16.05.2025 година (петок), Општина Штип преку овластена фирма ќе спроведе втора ларвицидна дезинсекција на територијата на општината, со цел уништување на ларвите на комарците. Третирањето ќе се врши во периодот од 09:30 до 13:30 часот. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојните води во урбаните населби и локалитети на територијата на Општина Штип. Во случај на неповолни временски услови (дожд, ветер и сл.), дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен ден.”, велат од Општина Штип
Покрај оваа дезинсекција, денес општината ќе спроведе и превентивна дератизација на канализационите шахти со цел заштита од заразните болести предизвикани од глодари стаорци
,,Дополнително, Ве известуваме дека заради заштита на населението од заразни болести предизвикани од глодари (стаорци), на истиот ден, 16.05.2025 (петок), ќе се спроведе превентивна дератизација на канализационите шахти, исто така преку овластена фирма. Дератизацијата ќе се врши во периодот од 08:00 до 13:00 часот и ќе опфати вкупно 160 канализациони шахти на територијата на Општина Штип.. И оваа активност ќе биде одложена во случај на неповолни временски услови. Апелираме до сите граѓани на Општина Штип за зголемена внимателност при движење во сообраќајот во текот на извршувањето на наведените активности.”, додаваат од општината
Со оваа мерка, Општина Штип продолжува со грижата за здрава и безбедна животна средина.