12.2 C
Shtip
spot_img

ОДЗЕМЕНА ФИКТИВНА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ПАРИ, ОРУЖЈЕ, ЛАЖНИ ПЕЧАТИ: Уапсени се 20 лица за даночно затајување и измама од 5 МИЛИОНИ ЕВРА

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до доцните вечерни часови вршеа претреси на 16 локации низ државата. При претресите се пронајдени и времено одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица, а осомничените лица се обезбедени.

Акцијата е резултат на постапувања на Истражниот центар на ОЈО ГОКК и Управата за финансиско разузнавање, по известување на АНБ, при што беа обезбедени докази за основано сомнение за кривични дела од финансиска природа.

Врз основа на ова ОЈО ГОКК отвори предмет и донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20 лица кои го оштетиле буџетот на државата за 297.733.844 денари или 4,8 милиони евра.

-Првоосомничениот, српски државјанин и сопственик и управител на две правни лица, заедно со двајца службеници од УЈП – Регионална дирекција Скопје, во текот на 2023 година формирале група со цел вршење на кривични дела даночно затајување, даночна измама, перење пари и злоупотреба на службена положба. Во периодот 2023–2025 година, во групата биле вклучени и други сопственици, управители и вработени во правни лица во Скопје и Гевгелија. 

Со прикажување неточни податоци во даночните пријави и со помош од даночни службеници од УЈП, во периодот 2023–2024 година првоосомничениот избегнал плаќање данок во износ од 11.593.403 денари.

Останатите осомничени сопственици и управители на правни лица со лажни пријави побарале, а осомничените вработени им одобриле неосновано враќање данок за нерезидентни правни лица со што е нанесена штета на буџетот во износ од 31.175.168 денари.

Дополнително, дел од осомничените во истиот период вршеле трансфер и подигање парични средства со цел прикривање на потеклото на парите прибавени со кривични дела, во вкупен износ од 91.985.197 денари, информира ОЈО ГОКК.

Досегашните прибрани докази упатуваат дека осомничените вработени во УЈП – Регионална дирекција Скопје, од кои дел на високи раководни позиции, со повеќекратни злоупотреби на службената положба, нанеле вкупна штета на Буџетот на РСМ од најмалку 162.980.076 денари.

Јавниот обвинител ценејќи ги околностите утврди дека се исполнети условите за определување на мерката притвор за десет осомничени и на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи на осум лица да им определи мерка притвор, додека за две лица истата е веќе определена во предметот поврзан со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој на РСМ.

За останатите 10 лица јавниот обвинител предложи мерки за обезбедување присуство меѓу кои и забрана за вршење на работни активности поврзани со кривичното дело и работни активности како службени лица во УЈП на РСМ.

━ повеќе содржини

Трамп предлага Италија да игра на СП наместо Иран!

Остануваат уште 49 дена до почетокот на Светскто фудбалско првенство во САД, Мексико и Канада, а контроверзиите околу учеството на Иран продолжуваат поради воениот...

Новиот најмал електричен „Смарт“ автомобил пристигнува во септември

Компанијата „Смарт“ со концептниот модел под ознаката „#2“ откри како ќе изгледа наследникот на популарниот електричен двосед „EQ Fortwo“, чија производна верзија ќе биде...

Штип е подготвен за прва титула во одбојка! Се спрема големо славје утре вечер во СЦ Јордан Мијалков!

Утре ќе има големо славје во градот под Исарот, одбојкарите на Штип УГД се на чекор од историска шампионска титула, во спортската сала „Јордан...

Chat GPT сега размислува и не прави грешки при генерирање на слики и текст во нив

„Опен АИ“ ја лансира алатката „Чет-ГПТ имиџис 2.0“ која го воведува „размислувањето“ во генерирањето слики, овозможувајќи прецизно испишување на текст, веб-пребарување во реално време...

Последниот контингент влезници за СП во фудбал се пуштаат денес!

ФИФА пушта во продажба повеќе од три милиона влезници за Светското првенство, а продажбата ќе трае до крајот на натпреварувањето на 19-ти јули, последна...
spot_img