7.4 C
Shtip
spot_img

Нова катна гаража кај зградата „Промаја“

Штип доби уште една катна гаража во централното градско подрачје. Изграден е објектот кај зградата „Промаја“, кој е на три нивоа и има капацитет за 50 возила.

Со тоа, во центарот на Штип веќе функционираат три катни гаражи, со што се зголемува бројот на паркинг-места во најфреквентниот дел од градот. Новата гаража е изградена на простор што претходно бил запуштен и служел како мала депонија.

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, вели дека конфигурацијата на теренот овозможила да се изгради гаража на три нивоа на оваа локација.

– Инвестицијата изнесува над 20 милиони денари, односно околу 330.000 евра. Општина Штип планира до крајот на годинава да почне и со изградба на уште една катна гаража со 90 паркинг-места. Таа би се градела кај стариот Здравствен дом или зад административната зграда на Општина Штип – најави Јорданов.

Со изградбата на уште една катна гаража, централното градско подрачје би располагало со повеќе од 300 паркинг-места само во катните гаражи.

Недостигот на паркинг-простор во центарот се ублажува и со платформите кај реката Отиња. Досега се изградени три платформи со капацитет за 130 возила. Дополнително, на главните штипски улици, кои претежно се еднонасочни, има повеќе од 1.000 паркинг-места. Со катните гаражи, платформите и со уличното паркирање, Штип наскоро би требало да располага со повеќе од 1.400 паркинг-места.

Со системот за паркирање во градот стопанисува ЈП „Стипион“. Паркирањето на платформите кај Отиња чини 40 денари од еден час, додека во катните гаражи и на улиците цената е 30 денари од час. објавува Журнал.мк

━ повеќе содржини

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...

Авио-спектакл во Штип!

Небото над Штип повторно ќе биде место на авијациска возбуда, пилотска прецизност и прекрасно дружење! Во организација на RIMIN AIR, на Спортскиот аеродром Штип...
spot_img