27.5 C
Shtip
spot_img

Штип сака фудбал! Радоста за саботната победа на ФК Брегалница сеуште не стивнува

Во рамките од второто ПМФЛ коло од новиот шампионат, во саботата во Штип, во вечерен термин како што доликува домашната Брегалница успеа да слави со убедливи 4:0 над слабиот Арсими.

Штипјани доминираа на теренот, и покажаа дека турбуленциите, во и околу клубот во моментов не влијаат на играта на екипата. Напротив, Брегалница покажа добар квалитет вчера, ефикасност, и капацитет да ги освои трите бода на посакуваниот начин. Покрај тоа, имаше фантасична од трибините, со што штипјани покажаа колку го сакаат фудбалот и својата Брегалница.

Дел од заслугите за тоа има и Методиј Максимов. Момчето кое што веќе требаше да ја предвои А репрезентацијата на Македонија, но повредата го спречи во напредокот. Поранешниот играч на австриски ЛАСК, и некогашен младински репрезентативец на Македонија, се врати во Штип, каде што и започна неговиот фудбалки пат на позајмица, и по минутажа која што му е неопходна во моментов.

Синоќа крилниот играч беше стрелец на еден од головите за домашните.

„Многу ми значи овој гол, мора да признаам. Едноставно посакував тоа да се случи на мојот кам бек во Брегалница. Штип е мој град, Брегалница е мој клуб. Убаво се чувствувам тука. Така се наместија работите да ете повторно настапувам за овој клуб, ќе направам се за мојот престој тука биде што попродуктивен. Штипската публика знае што е добар фудбал, се надевам дека вака ќе продолжиме и во следните мечеви“ – изјави Максимов.

Штипските сини следниот викенд имаат супер тешко гостување, кај тетовска Шкендија. Натпреварот ќе се одигра во Скопје, бидејки Шкендија сеуште ја издржува казната за настап на својот матичен статион во Тетово.

━ повеќе содржини

На 12.август – редок небески настан на небото!

Претстојното затемнување на сонцето за два дена ќе потопи делови од западна и северна Европа во темнина. Целосно затемнување на сонцето ќе се случи...

Топлотниот бран не попушта веќе втора недела – ИЈЗ со ново предупредување

Повозрасните граѓани се меѓу најризичните категории кога станува збор за високите температури и топлотните бранови, предупредува Институтот за јавно здравје. Лицата над 65 години...

Нова катна гаража кај зградата „Промаја“

Штип доби уште една катна гаража во централното градско подрачје. Изграден е објектот кај зградата „Промаја“, кој е на три нивоа и има капацитет...

Лекот “Фостер” повторно достапен во аптеките ширум земјата!

И другите лекови што ги содржат истите активни компоненти и се користат во третманот на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ) може да се земат...

Познатиот македонски рапер го истетовира ликот на Панчо во знак на почит!

Македонскиот рапер Христијан Тасковски, познат како Таско, на неверојатен начин му оддаде почит на Владимир Блажев – Панчо, кој трагично го загуби животот по неколкумесечна борба со повредите ...
spot_img