27.6 C
Shtip
spot_img

НИНА РЕД ЗАГЛАВИ ПРЕД ШТИП: КОЛАТА ОТКАЖА ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ НА ДОАЃАЊЕ НА SHTIP FASHION DAYS

Инфлуенсерката Нина Ред не успеа да пристигне на престижната модна манифестација Штип модни денови поради неочекуван проблем на патот.

Како што самата сподели на социјалните мрежи, нејзиниот автомобил откажал само 15 минути пред да стигне во Штип, што целосно и ги нарушило плановите за појавување на настанот.

„Не ми се даде да стигнам луѓееее, што ќе беше ова… Откажа колата на 15 минути од Штип, али аутфитот никако не смее да трпи хаха“, напиша таа со доза хумор, и покрај непријатната ситуација.

Сепак, Нина откри дека била пријатно изненадена од реакцијата на луѓето кои веднаш застанале да помогнат. „Ме изненади колку луѓе дотрчаа да помогнат. Бидете добри луѓе, вака ќе ви се враќа со добрина. Важно живи и здрави сме!“, додаде таа.

Иако не стигна на модните денови, инфлуенсерката испрати позитивна порака до своите следбеници, потенцирајќи дека во вакви моменти најважно е здравјето и човечноста.

━ повеќе содржини

Една билка може да помогне против комарците на балконот

Со топлите летни вечери доаѓаат и комарците, кои често го прават непријатен престојот на балконот или во дворот. Цитронелата е едно од природните решенија...

Дејан Митров со ново златно одличје на пеливански турнир!

Дејан Митров со уште едно злато на Меѓународниот Турнир во Пеливанско борење во Пласница. Во Пласница се одржа голем Меѓународен турнир во Пеливанско борење каде...

Официјално: Елвир Мекиќ и Јован Јованов потврдени настапувачи на “Пастрмалијада 2026”

Програмата за годинашното издание на „Штипска Пастрмалијада“ станува сè побогата. Покрај веќе најавениот настап на регионалната музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, Општина Штип откри уште...

Бугарите ја барале Кавала, ги нуделе Штип и Кочани – Се одбележуваат 113 години од поделбата на Македонија во Букурешт

Пред 113 години, во Букурешт, на денешен ден, потпишан е договорот за поделба на Македонија. Во преговорите, името Македонија не се ни споменува, но...

Студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип темелно ќе се реновира!

Студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип темелно ќе се реновира, а реновиерањето ќе трае речиси две години, изјави директорката Гордана Барбашка. Деновиве треба да ја...
spot_img