22.7 C
Shtip
spot_img

Младите Таеквондо мајстори на прием кај градоначалникот Јорданов

Во текот на вчерашниот ден, во просториите на Општина Штип, градоначалникот Иван Јорданов оствари прием на младите членови на Таеквондо клубот од Штип, кој за само една година од своето постоење веќе постигна исклучителни резултати – освојувајќи вкупно 18 медали на првиот таеквондо турнир организиран во Штип.

Градоначалникот Јорданов упати срдечни честитки до младите спортисти за нивната посветеност, труд и спортски дух, како и до докажаните тренери Сашко и Жарко Арсовски, кои со своето искуство и во каратето, сега бележат нови успеси и во оваа олимписка дисциплина.

„Таеквондото како олимписки спорт има суштинска улога во развојот на спортската култура во нашиот град. Тоа е дисциплина која ќе биде достоинствен промотор на Штип и Македонија на национално и меѓународно ниво,“ истакна Јорданов.

Во рамки на приемот, беше најавено дека Спортскиот центар „Џексон“ ќе биде ставен во функција до крајот на оваа година, со капацитет од 1.000 гледачи, а ќе биде наменет за сите спортски клубови и спортисти од Штип.

Градоначалникот упати порака до младите таленти дека континуираната посветеност и работа се клучни за успехот, а Општина Штип останува партнер и поддржувач на спортските иницијативи и развојот на младите. Воедно, Јорданов најави и нова инвестиција – изградба на специјализирана спортска сала за боречки вештини, која се очекува да биде реализирана во текот на 2026 година.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img