21 C
Shtip
spot_img

Македонски Телеком овозможува побрзо и поудобно патување со M-TAG

Од денес, Македонски Телеком ќе овозможи побрзо и поудобно патување со M-TAG, уред за електронско плаќање патарини. Со овој уред, поминувањето низ наплатните рампи е брзо, без чекање, а патувањето е пократко, со помалку гужви и без потреба од готовина.

Како да набавите M-TAG
Уредот е достапен за сите и може да се набави во продавниците на Телеком. Цената на уредот е 1.175 денари со ДДВ и може да се плати на 24 рати, или со еднократен надоместок.
За наплата на патарините преку M-TAG достапни се три начина: со платежна картичка, со месечна постпејд сметка или со надополнување на припејд сметка.
За активирање на M-TAG, потребна е регистрација на: www.telekom.enp.mk

Како функционира M-TAG
Уредот се поставува на внатрешната страна на ветробранското стакло на возилото. Во специјално означената M-TAG лента, системот го препознава уредот, наплатата се извршува автоматски и рампата се отвора без запирање.

Оваа услуга се реализира во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и е дел од заложбата на Телеком да излезе во пресрет на потребите на корисниците во дигиталното време и да им пружи едноставно, и непречено искуство без грижи.
Засега M-TAG може да се користи во Македонија, а наскоро и во соседните земји.

Повеќе информации на: www.telekom.mk

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img