17.7 C
Shtip
spot_img

Македонски лик во култната серија “Симпсонови”

В недела, 27 април, во 20 часот по американско локално време на телевизијата „Фокс“ ќе биде објавена 15. епизода од 36. сезона на „Симпсонови“, во која првпат во историјата на оваа мегапопуларна анимирана серија ќе има лик Македонец.

Оваа вест ја објави Невена Нешкоска, која заедно со нејзиниот брат Наум и сестра ѝ Калина е основач на детскиот едукативен канал „Дарко Биберко“.

– Креаторите на „Симпсонови“ одлучиле да внесат лик – спортист кој доаѓа во Спрингфилд како голема сензација од Македонија. За кој спорт станува збор? Нормално, за најпопуларниот и најисконски македонски спорт… бејзбол – објави Нешкоска.

Додаде дека таа лично имала консултантска улога, а сите тројца учествувале во превод и испеале песна преведена од англиски на македонски.

Сиже за епизодата веќе е објавено и на IMDb.

Со оглед на тоа што епизодата сѐ уште не е објавена и не знаеме како ќе изгледа овој лик, решивме текстов да го илустрираме со слика генерирана од вештачката интелигенција.

━ повеќе содржини

„Тромбоните не молчат“ – голем хуманитарен концерт за Филип Стевановски во Штип

Макбрас Асоцијација и Скопскиот Брас Фестивал со особена чест го најавуваат меморијалниот концерт посветен на младиот тромбонист и мултиинструменталист Филип Стевановски, кој трагично го...

Ибрахимовиќ: Меси, Марадона и Роналдо се најдобрите тројца на сите времиња!

Иако Меси и Роналдо генерално се сметаат за дел од четворицата најголеми во историјата, заедно со Пеле и Диего Марадона, Ибрахимовиќ одлучи дека двајца...

Одбележување на Светскиот ден на храната и 80 години од основањето на ФАО

Денес е Светски ден на храната! По повод јубилејот, во Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе се засадат дрвја како симбол на заедничката заложба...

Фудбалерите на Баерн добија нови Audi возила, а многумина избраа електрични верзии

Audi, официјален партнер на FC Bayern, достави нова флота автомобили за играчи и функционери — со силен нагласок на електрична мобилност. FC Bayern Munich го...

Шокантно откритие: Пасивното пушење го менува ДНК на вашите деца и ги изложува на болести

Ново истражување открива дека пасивното пушење во детството остава трајни траги врз ДНК и може сериозно да влијае врз здравјето на децата. Чадот од...
spot_img