15.7 C
Shtip
spot_img

И пркоси на годините – Лидија Вукиќевиќ изгледа неверојатно и во седмата деценија!

Легендарната актерка Лидија Вукиќевиќ уште еднаш докажа зошто важи за една од најнегуваните жени на Балканот. Иако е во седмата деценија од животот, на нејзиниот изглед можат да ѝ позавидат и двојно помлади колешки.

За Лидија многумина велат дека е „замрзната во времето“, бидејќи со децении наназад таа изгледа речиси идентично како на почетокот на кариерата. Таа не е само симбол за успешна актерка, туку и за жена која знае како да се грижи за себе.

Совршена фигура во обичен тексaс

Овојпат, Лидија покажа дека не ѝ се потребни бикини или разголена кожа за да го привлече вниманието. Таа објави фотографија на која позира во едноставна кожна јакна и тесни фармерки, кои ја истакнаа нејзината беспрекорна и витка фигура.

„За лето, лесен тексас“, напиша кусо актерката во описот на фотографијата на Инстаграм.

Лавина од коментари

Објавата веднаш собра илјадници лајкови и мноштво коментари од воодушевени следбеници. Мажите не штедеа комплименти на сметка на нејзиниот изглед, признавајќи ѝ дека изгледа фантастично и дека нејзината енергија е инспирација за многумина.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img